СВР-Охрид поднесе кривична пријава против лице од Сирула поради неовластено поседување оружје

Охрид Црна хроника

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против (27) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола. При тоа, одземено е и оружје за кое пријавениот поседувал соодветна дозвола.

Please follow and like us: