Пожар на глисер во Охрид во Студенчишкиот канал

Охрид Регион

Пожар избувна на пловен објект закотвен во Студенчишкиот канал на Охридското Езеро.

Станува збор за брз мотерен чамец, на кој пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на пловилото.

Веднаш откако се појави пламенот интевенрираа полицајци од Езерската полиција што се наоѓа во непосредна близина, а за кусо време пристигна и екипа на Териториајалната противпожарна единица од Охрид.

Според очевидци, во пожарот повредено е едно лице.

Пламенот е локализиран, така што нема опасност за останатите пловни објекти закотвени во Каналот.

Please follow and like us: