Пишува: Слободан ТОМИЌ

Кога немаат аргумент, создаваат скандал.
Кога немаат план, креираат хаос.
Кога имаат против себе државник, тогаш лажат.
Во една искривена реалност, каде вистината е нападната од сите страни, во еден медиумски и политички фронт што ја напаѓа самата суштина на државноста, повторно целта е иста , да се разниша премиерот Христијан Мицкоски.
Зошто?
Затоа што не се поклонува.
Затоа што не прифаќа диктати.
Затоа што стои исправено, а тоа ги боли.
Македонија што гради, додека други уриваат

Во време кога некои мислат дека политиката е само сценографија за медиумски конструкции, Мицкоски отвора автопат.
Новата делница Дреново – Фариш е повеќе од инфраструктурен проект.
Таа е симбол ,на нова Македонија што ги спојува граѓаните, што ги скратува патиштата, што ги шири хоризонтите.
Сега, патот Скопје ,Прилеп е целосно нова перспектива. Тоа е дело, не декларација.
Нека коментираат сите што напаѓаат. Но нека коментираат откако ќе поминат по тој пат.
Монтирањето на лаги е стара тактика, но сега е опасно злонамерна
Обвинувањето дека премиерот „поткупувал европратеник“ е еден од најподмолните и најгрди обиди за вештачко создавање на анти-ЕУ атмосфера.
Целта е очигледна: да се дискредитира владата, да се замагли сликата пред европските партнери и да се ослабне нашата преговарачка позиција.
Иронично, токму оние што со години го газеа македонскиот јазик и идентитет, сега глумат негови бранители.
Амандманот за „современ македонски јазик“ не е случаен. И реакцијата не е наивна
Проблемот не е во зборот „современ“ , проблемот е во намерата.
Затоа што со секој ваков збор, што изгледа безопасно, се врши суптилна, но длабока ерозија на историскиот и културен континуитет на македонскиот идентитет.
И наместо да се спротивстават, некои актери во македонската политика ја користат оваа шанса за внатрешни пресметки.
Да ја жртвуваат државата, за да освојат неколку реда во странски извештаи.
Мицкоски , непријатен за тие што се навикнати на послушност
За првпат по многу години, Македонија има премиер кој не ја продава вистината во замена за политички поени.
Премиер кој ја втемелува својата европска агенда на достоинството, а не на сервилноста.
Затоа и средбата со еврокомесарката Марта Кос е повеќе од дипломатски протокол ,таа е симбол на еден нов однос: Европа што не командува, туку преговара со Македонија.
Средбата со Кос, која престојува во земјава по повод лидерскиот самит ЕУ – Западен Балкан, беше силна потврда за новата улога на Македонија во регионалните и европските процеси.
Таа не беше куртоазна, туку суштинска посветена на реформите, дигиталната трансформација, владеењето на правото и Планот за раст за Западен Балкан.
И најважно , беше средба што потврди дека Европа ја препознава и поддржува новата македонска енергија.
Тоа има име и презиме: државништво и лидерство.
Македонија лобира за себе. Конечно.
Пред одржувањето на Самитот во Скопје, Мицкоски ги пречека сите лидери на регионот: од Еди Рама до Курти, од Кос до Спајиќ. Домашна дипломатија на високо ниво.
„Лобираме за македонските интереси и политики“, порача премиерот – јасно, директно и без комплекси.
Тоа не е надворешна политика. Тоа е нова доктрина.
Народот не сака повеќе лажни патриоти, сака вистински државници

Додека СДСМ сѐ уште живее во својот балон од минати порази, а нивниот лидер патува за да се жали по европски ходници, Владата предводена од Мицкоски работи , тивко, решително, државнички.
Обидите да се создаде впечаток дека Македонија е изолирана се чиста манипулација.
Реалноста е спротивна: конечно имаме влада што зборува од позиција на национален интерес, не од позиција на страв.
Војната против македонскиот јазик е системска, а домашните соучесници се најопасни

Ако нешто треба да не вознемири, тоа не се амандманите сами по себе.
Тоа е фактот што домашни политичари и медиуми ги поддржуваат и пренесуваат како да се добра намера.
Тоа е трагедија.
Кога бугарски европратеници од ГЕРБ и хрватски од ХДЗ ја туркаат тезата за српски свет, за тоталитарно минато, за финансиски влијанија , сето тоа има своја политичка цел.
Но, кога македонски политичари тоа го користат како напад против својот премиер ,тоа веќе е предавство.
Македонија не е ничија периферија. Македонија е Европа, со достоинство

Извештајот на Европскиот парламент, полн со спротивставени агенди, со добро и со зло, е огледало не само на тоа каде сме, туку и какви сојузи имаме.
Македонија мора да се избори не само за европско членство, туку и за европско достоинство.
Тоа ќе го сторат само со државници.
Со луѓе што нема да молчат кога некој ќе го редефинира македонскиот идентитет, туку ќе одговорат.
Јасно.
Одлучно.
Европски.
Со Мицкоски, Македонија не тргува со себе. И затоа го напаѓаат!
Во овие мигови, кога лажните наративи се посилни од вистинските пораки, кога обидот за понижување се обвиткува во загриженост, кога клеветата се продава како вест, потребно е само едно: лидер што нема да потклекне.
Тоа го има Македонија денес.
И тоа се гледа.
Се чувствува.
И се препознава.










