Пишува: Слободан ТОМИЌ

Почитувани Македонци, по род и по државјанство,
во вчерашната анализа ве информирав што се крие зад бугарските, односно европските барања за уставните измени.
Тоа не се технички процеси , тоа е бришење на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
Денес, сЕ е обелоденето.
Оваа колумна е продолжение на таа анализа ,но и повик.
Повик до совеста, достоинството и отпорот на секој Македонец.
БУЈАР ОСМАНИ, ПРВИОТ ПОТПИСНИК НА СРАМОТ
Човекот кој требаше да ја брани Македонија надвор, стана нејзин гробар.
Бујар Османи ги потпиша сите протоколи со Бугарија.
Го внесе францускиот предлог под бугарска диктатура.
Прифати историска комисија да одлучува за нашата вистина.
Тој е лицето на тивкото бришење , не во темни ходници, туку со печат и потпис.
ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ, СКРИЕН СОУЧЕСНИК
Ниту еднаш не се спротивстави.
Не удри на маса, ниту на говорница со тупаница. Не поднесе оставка. Не покажа ‘рбет.
Кога требаше да го брани идентитетот, ја бранеше фотелјата. Тој не беше премиер.
Тој е администратор на диктат.
Се согласи на услови под кои македонскиот народ е сведен на фуснота во сопствениот дом.
ЗОРАН ЗАЕВ, ГЛАВНИОТ ИНЖЕНЕР НА ПОНИЖУВАЊЕТО
Без него, се ќе беше поинаку.
Тој ја отвори вратата со Преспа.
Тој го потпиша Договорот со Бугарија. Тој го внесе концептот на редефинирање на нацијата.
Тој ја изгради архитектурата на предавството.
Останатите само живеат во неа.
АЛИ АХМЕТИ, МОЛЧЕЊЕТО ШТО МИРИСА НА СОУЧЕСНИШТВО

Ахмети не збори кога Македонија гори.
Него го интересира само балансот на моќ, не правдата.
Го гледа бришењето на јазикот и идентитетот , и молчи.
Тоа молчење е соучесништво.
Тоа молчење е кукавичлук.
Тоа молчење е пресуда.
Според изјавите на неговите сопартијци и блиски соработници, Али Ахмети по мајка е Македонец муслиман , човек кој совршено го зборува македонскиот јазик.
Но, во ниту едно свое обраќање, ниту еднаш не проговори на македонски.
Секогаш и само на албански , дури и кога се дискутира за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонското име.
И од таков човек се очекува да застане во одбрана на македонскиот јазик, на македонскиот народ, на македонскиот државен и духовен имот?!
Тоа не е тишина , тоа е намерен и ладнокрвен молк. Тоа е избор , и тој избор зборува гласно.
БОЈАН МАРИЧИЌ, ПРАВНИК НА ПРЕДАВСТВОТО

Ниту еден правник со интегритет не би го прифатил протоколот со Бугарија. Тој го прифати.
И не само тоа ,тој го одбрани. Јавно. Со насмевка.
Маричиќ не ја брани правдата, туку ја користи како чадор за да ја прикрие капитулацијата.
Тој е мозокот зад легализацијата на срамот.
НА ТАЛИБАНСКИ НАЧИН ТАКА ЈА НАРЕЧЕ МИЦКОСКИ ПОЛИТИКАТА НА УЦЕНА
Ова не е европски модел. Ова е притисок без преседан. Мицкоски беше единствениот што го кажа тоа јавно.
ИЗВЕШТАЈОТ ВО ЕВРОПА Е РЕЗУЛТАТ НА НИВНАТА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА
На 8 јули, Европскиот парламент ќе гласа за документ од кој ќе бидат избришани термините македонски јазик,и македонски идентитет .
Но, ова не е решение од Брисел ,ова е последица на договорите што тие ги потпишаа дома.
Последица на молкот кога требаше да има отпор.
Последица на тоа што ја продадоа Македонија, а народот не го прашаа.
ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ГЛАСОТ ШТО НЕ СЕ ПЛАШИ ДА ВИКА

Кога сите молчеа , тој викна. Кога сите потпишуваа , тој предупреди.
Денес, кога зборовите македонски јазик, се избришани од Брисел, Мицкоски повикува на одбрана.
Не со амандмани, туку со став.
Не со документи, туку со достоинство.
Тој не се бори само за Европа ,тој се бори за Македонија.
НИТУ ЕДЕН ДОГОВОР НЕ МОЖЕ ДА ГО ПОНИШТИ ТОА ШТО СМЕ

Македонскиот јазик не е дипломатски термин , тој е говорот на нашите мајки.
Идентитетот не е политичка конструкција , тој е корен, крв и историја.
Ниту една комисија, амандман или европратеник нема право да го прецрта.
Тие што прифатија такво нешто , се веќе избришани од народната чест.
НИЕ НЕ СМЕ ФУСНОТА! НИЕ СМЕ НАРОД СО ‘РБЕТ, СО ПАМЕТ, СО ОГАН!
Овој извештај е повик.
Повик за отпор.
Повик за будење.
Повик да се освестиме и побераме правда и одговорност сза сите што го продале името, идентитетот, историјата.
Ова не е крај ,ова е почеток на големота правда!
ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА, И НЕМА ДА ИМА ЗАБОРАВ
Бујар Османи, Ковачевски, Маричиќ, Заев, Ахмети , нивните имиња веќе се запишани во депонијата на историјата ,а не таму каде што се надеваат.
Не како градители, туку како уривачи. Не како државници, туку како предавници.
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОПСТАНЕ. НАРОДОТ ЌЕ ЈА ИЗБОРИ СВОЈАТА ИДНИНА, СО ВИСТИНА, СО ГОРДОСТ, СО ОТПОР
Ќе остане јазикот.
Ќе остане името.
Ќе остане честа.
Зашто народот знае кој е , и нема цена што ќе го убеди да се откаже.









