Британските археолози се збунети по откривањето на необично големи чевли, веројатно од римскиот период. Тие биле откриени кога археолозите ископувале одбранбени ровови на римска тврдина во округот Нортамберленд.
Станува збор за 32 кожни чевли, од кои 8 со британска големина 13 или 14 (европска големина 48 или 49). Од приближно 5.000 чевли што биле ископани во областа во текот на изминатите 55 години, само 0,4 проценти имале големина 13 или 14. За чевлите ископани во мај, тој процент бил 25 проценти. Најголемата чевличка е долга 32,6 сантиметри.
Откритието не е лесно да се објасни, изјави археологот Рејчел Фрејм за Би-Би-Си. „Мораме да претпоставиме дека има некаква врска со луѓето што живееле тука, дека имале поголеми стапала, дека можеби биле повисоки од другите, но не знаеме“, рече таа.

Засега, истражувачите претпоставуваат дека чевлите датираат од римско време. Истражувањето на грнчаријата пронајдена во истиот слој почва треба да даде сигурност во врска со ова.
Фактот дека многу стари чевли се добро зачувани во оваа област се должи на условите на почвата. Има малку кислород во почвата, што значи дека кожата речиси и не се распаѓа.
извор: НОС Холандија

