Колумна на Слободан Томиќ – Македонија под удар: Додека сиромашниот бугарин го брани левот, бугарската елита го краде Македонскиот јазик

Македонија Свет

Пишува: Слободан Томиќ

БУГАРИЈА ВО ПОЛИТИЧКА ПАНИКА: НАРОДОТ БАРА ЛЕВ, ЕЛИТАТА СОНУВА ЗА ТУЃА ИСТОРИЈА

Илјадници Бугари излегоа на улиците , од Софија до Јамбол , за да го одбранат бугарскиот лев. 

Народот сака референдум, плебисцит, пред земјата да го смени својот идентитет во еврозоната. 

Но наместо да го слушне својот народ, бугарската политичка елита уште еднаш погледна, не кон Брисел, туку кон Скопје.

Зошто? 

Зашто е полесно да се фалсификува историја отколку да се обезбеди иднина.

РУМЕН РАДЕВ  ОД РУСКИ ПИЛОТ, ДО НАЈГОЛЕМ БЛОКАДЕР НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРОПСКИ ПЕРСПЕКТИВИ

Румен Радев, бугарскиот претседател, не е случаен. 

Тој е човекот што одбива да го поддржи влезот на Македонија во ЕУ без исполнување на бугарските уцени. 

Притоа, неговата реторика е во голема мера усогласена со руски наративи.

Дали Радев е проруски емисар во ЕУ? Или клиентелист на балканскиот хаос? 

Дали зад блокадата на Македонија стои Москва, а Радев е само политички оператор? 

Прашањата се легитимни , особено кога тој директно го условува стартот на македонските преговори со нови уставни измени, капитулација и бришење на идентитетот.

ВТОРНИК , ДЕНОТ КОГА ВО ЕУ ПАРЛАМЕНТОТ СЕ ГЛАСА ПРОТИВ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

На 8 јули, Европскиот парламент ќе гласа за извештајот за напредокот на Македонија. 

Благодарение на амандманите поднесени од бугарските европратеници и поддржани од групи како ЕПП, Прогресивниот Сојуз на  социјалистите и демократите ( С&Д)и  ОБНОВА, терминот македонски јазик, и македонски идентитет, се на пат да бидат избришани.

Ова не е само дипломатска провокација.

 Ова е акт на тивок идентитетски геноцид.

БУГАРСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ  ИМЕ ПО ИМЕ, СО АНТИМАКЕДОНСКИ ДОСИЕ

 Андреј Ковачев – архитект на антимакедонските амандмани.
 Ангел Џамбаски – фашистички поздрав во ЕП и отворена омраза кон македонската нација.
Илијана Јончева – омекната социјалистка, жестока во бришење на се македонско.
 Андреј Слабаков – наместо култура, пропагира идентитетски ревизионизам.

Тие не се борат за бугарскиот народ. Тие се борат да избришат туѓ народ , македонскиот.

ХРВАТСКА, ЧЛЕНКА НА ЕУ, А СО УСТАШКИ ПОЗДРАВИ НА ПЛОШТАД

На концертот на Марко Перковиќ Томпсон , во Загреб, присуствуваа десетици илјади луѓе. 

Ги видовме фашистичките поздрави, повиците За дом , спремни , шовинистички напади врз Србија и паравојна еуфорија на сцена.

Како е можно една земја-членка на ЕУ да допушти нацистичка естетика, а ЕУ да молчи? 

Зошто се дозволува усташки фолклор, а се санкционира македонскиот јазик? 

Дали вака изгледа Европа на две брзини или Европа без душа?

ДОСТА БИЛАТЕРАЛИЗАМ, ВРЕМЕ Е ЗА ЕУ СТАНДАРДИ, НЕ ЗА НАЦИОНАЛИСТИЧКИ УЦЕНИ

Македонија мора да го постави прашањето јасно: Ако една држава-членка како Бугарија може да уценува друга држава-кандидат, тогаш дали ова е европска заедница или неоколонијален клуб?

Време е за укинување на билатералните спорови како дел од критериумите за проширување. 

Тоа не е европска вредност, тоа е антиевропски инструмент.

ПОДДРШКА ЗА МИЦКОСКИ, ПАТ НА ОТПОР, А НЕ НА ПРЕДАВСТВО

Мицкоски досега успеа да не влезе во стапиците на европските уцени. 

Тој го штити македонскиот идентитет без да создава конфликти. 

Но, ако Европа не го слуша тој глас , тогаш Македонија има обврска да ги преиспита сите свои чекори.

 МАКЕДОНСКИОТ ГЛАС МОРА ДА ОДЕКНЕ ДО СТРАЗБУР И БРИСЕЛ

Ако се дозволи да помине оваа историска неправда, ако се дозволи фашизмот да пее во Загреб, а национализмот да владее во Софија, тогаш Македонија мора да ја подигне својата дипломатска тупаница.

Зашто веќе не се работи само за јазик.
Не се работи само за историја.
Се работи , за иднина.

Please follow and like us: