Мицкоски: Инвестициите во културата ќе бидат уште поголеми, не застануваме!

Охрид Регион


Денеска, присуствував на пуштање во употреба на целосната санација на Музеј на вода во Охрид.Со консолидирање на состојбата во земјата, очекуваме инвестициите во културата да бидат уште поголеми, бидејќи според спроведените истражувања најголемиот дел од посетителите, односно туристите коишто ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација, причината зошто ја посетуваат е богатото културно наследство, напиша на својот ФБ профил премиерот Христијан Мицкоски. Во продожение на објавата премиерот довава:

-Посакувам успешна работа, но тука не застануваме со инвестиции, продолжуваме и понатаму! Им честитам и на останатите коишто беа вклучени во поддршката на реализацијата на овој проект, министерот, градоначалникот, сите останати коишто помогнаа, тука е и министерот за транспорт и потпретседател на Влада којшто силно е фокусиран во делот на подобрување на инфраструктурата во Охрид и околината, пратениците во Собранието коишто жестоко се борат за проект повеќе за Охрид.

Please follow and like us: