Пецаков: Вредна донација во медицинска опрема и апарати обезбедена од нашите пријатели од Швајцарија

Охрид

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, доби вредна донација во медицинска опрема и апарати која е обезбедена од нашите пријатели од Швајцарија,

напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Се радувам што оваа донација, која се состои од современа медицинска опрема и помагала, претставува плод на една успешна соработка која е беше иницирана лично од мене и преку моите контакти.

Јас како градоначаник и Општина Охрид како одговорна локална самоуправа, иако немаме директна ингеренција врз здравствените установи, во интерес на целокупната заедницата, секогаш се трудиме да бидеме партнер и поддржувач на институциите што директно се грижат за животот и здравјето на граѓаните.

Упатувам благодарност до донаторите од Швајцарија за нивната хуманост и подготвеност да придонесат во унапредување на медицинските услови во нашиот град и секако до менаџерскиот тим на болницата „Свети Еразмо“, кој ја препозна важноста на овој проект и со својот професионален пристап и соработка, придонесе оваа донација успешно да се реализира во целост.

Општина Охрид и понатаму останува отворена и активно вклучена во сите иницијативи и проекти кои носат бенефити за граѓаните, верувајќи дека само преку партнерство и посветеност можеме да изградиме посилна, поздрава и посолидарна заедница и да обезбедиме подобри услови за нашите граѓани во сите сегменти на општественото живеење.

https://ohrid.gov.mk/%d0%b2%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d0%b2%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%86%d0%b8%d1%98/

Please follow and like us: