Во Бугарија преку одредени медиуми се води хајка против Мицкоски

Македонија

Oткако премиерот Христијан Мицкоски ја извади на чистина вистинската намера на бугарските власти со носењето на срамната резолуција на Европскиот парламент во која во финалната верзија исчезнаа термините македонски јазик и идентитет, од исток доаѓа нов напад. Бугарскиот медиум „Лупа.бг“ објави текст во кои тврдат дека Мицкоски во 2008 година аплицирал за добивање на бугарски пасош.

Meдиумот тврди дека премиерот изразил желба за добивање на бугарски пасош пред тогашниот конзул Венцислав Цветанов.

Дипломатскиот пораз што бугарските власти го доживеаја откако претходно термините македонски јазик и идентитет се најдоа во извештајот на комисијата на ЕП наречена АФЕТ, резулутира со афера поврзана со Мицкоски за која е јасно дека е дело на бугарски служби кои преку нивни портали сакаат да ја девалираат улогата на македонскиот премиер во борбата за зачувување на македонските национални интереси.

Реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј лидер е Христијан Мицкоски.

Информациите дека наводно Христијан Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда против Македонија и нејзините платени слуги во самата држава. Ваквите удари и лаги се резултат на едноставната вистина – единствената и најсилна пречка за негирачките барања на Бугарија кон Македонија се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Сликата е кристално јасна: од една страна е Венко Филипче, кој без никакви гаранции за македонскиот идентитет и јазик, се залага Бугарите да бидат внесени во Уставот; од друга страна е Христијан Мицкоски, кој ги стопира максималистичките барања и го брани националниот идентитет и македонскиот јазик.

Затоа бугарската пропагандна машинерија со сите сили ги активира своите инсталации и соработници во обид да нанесат штета на македонските позиции.

Јавноста треба со голема претпазливост да ги прима сите информации што ги пласираат овие структури во медиумите – велат од партијата.

Дека е ова е масло на бугарските служби покажува и молкот на властите во Софија откако вчера премиерот Мицкоски побара двете земји да поднесат Резолуција со која ќе се признае посебноста на македонскиот јазик и идентитет.

Please follow and like us: