министерот за одбрана, Владо Мисајловски, присуствуваше на промоцијата на новата артилериската батерија во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Батеријата се состои од шест хаубици 105 mm, „Боран“, како и друга поврзана опрема.
– Безбедноста е столбот на една нација. Без безбедност нема просперитет, нема економски напредок. Затоа продолжуваме да инвестираме во АРМ и континуирано ја градиме со секој изминат ден. Историски буџетот е најголем во последните 30 години, и историски модернизацијата е највисоко нив. Затоа им благодарам на Владата и на премиерот Мицкоски, изјави министерот Мисајловски.

Please follow and like us:

