Колумна на Слободан ТОМИЌ – Не по секоја цена: Борбата за Идентитет, Држава и Честа на Македонскиот народ

Македонија Свет

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Во време на политичка кал, европски хипокризи и домашни предавства, кога идентитетот се нуди на попуст, Христијан Мицкоски не молчи.

Тој не коленичи, туку стои исправено.

Не како слуга, туку како државник.

И не за себе, туку за иднината на Македонија.

Таа иднина не се купува, не се поклонува и не се продава.

Затоа ,што не се влегува во ЕУ по цена на исчезнување на сè што сме.

Европа – да! Асимилација – никогаш!

„Сите сакаме да бидеме во ЕУ.
Но, не по секоја цена.“

Ова не е само реченица.

Ова е државничка платформа, изречена без страв и без комплекси.
Мицкоски порачува:
„Доста беше со голтаници, понижувања и ‘добри намери’ од кои ни останаа само скршени кичми и историски шлаканици.“

Македонија , даде сè !

Сега е редот на Европа да покаже чесност!

Во интервјуто  на Канал 5, премиерот го вгради народниот гнев во институционален отпор:
„Овој народ, и овие граѓани и оваа држава дала премногу… преку глава им е на граѓаните од таков тип политика.“

Македонија нема повеќе што да даде. Го дадовме знамето. 

Го сменивме името. 

Ја менувавме историјата.

  Сега сакаат да ни го земат и правото да постоиме.

„Модерен“, „сегашен“, „регионален“ јазик? 

Не, благодарам!

Во време кога европските бирократи се обидуваат да не претворат во
тивок народ без историја , фуснота на Балканот, измиена во архивите на негирањето,

Мицкоски возвраќа:
„Ако е цената асимилација – не, благодарам!“

Фразите што ги туркаат европските институции , „сегашен македонски јазик“, „модерен“, „регионален“ , се смртни удари по континуитетот на еден народ.

Тоа е геополитичка диета што не храни , туку брише.

Историска понуда до Радев: Резолуција за македонскиот јазик и идентитет!

Во еден од најхрабрите дипломатски чекори во поновата македонска историја, Мицкоски ѝ подаде рака на Бугарија за заедничка резолуција во Европскиот парламент. 

Во неа:

  • се признава македонскиот јазик како автентичен и посебен;
  • се потврдува самобитниот идентитет на македонскиот народ;
  • се затвора вратата за нови уцени и негации.

„Еве, бидејќи така вели Радев, јас сум подготвен заеднички да драфтираме резолуција… веднаш тоа да го направам,“ – рече Мицкоски.

Софија, молчи. 

Молчеше и кога ги бришеа Македонците од извештаите!

Иако пораките одекнаа во бугарските медиуми, ни Радев, ни премиерот Жељазков не изустија збор.

Се појавија во јавноста , и се скрија зад молкот.

Тишината зборува. И тоа гласно.

Зашто ако навистина негирањето на македонскиот идентитет не е бугарска политика , ќе ја прифатеа понудата. 

Не ја прифаќаат. 

Бидејќи целта не е влез на Македонија во ЕУ , туку бришење на македонскиот народ.

Мицкоски го носи Радев на политичко чистилиште!

Со понудата за резолуција, премиерот
го разобличува Радев пред цела Европа.

Ако проблемот е само Уставот , зошто тогаш одбиваш потврда на нашиот јазик?

Или ја прифаќаш нашата самобитност, или признаваш дека лажеш!

Милошоски: Европа мора да ја слушне вистината!

Антонио Милошоски го поентира суштинскиот парадокс:
„Негацијата на македонскиот идентитет од страна на Бугарија е слична на руската негација на украинската самобитност.“

Истовремено потсетува:
Бугарските европратеници во 2025 година успеаја да ги избришат зборовите „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за напредокот на Македонија.

Тоа не е европска вредност. Тоа е

историски инжињеринг обвиткан во европска шминка.

СДСМ и ДУИ , од соучесници во грешки, до соработници во понижување

Додека Владата на Мицкоски бара признавање на нацијата,
СДСМ и ДУИ ги вееја белите знамиња на сервилноста.

Филипче порачува: ќе ги ставиме Бугарите во Устав , безусловно.
Без барање, без гаранции, без достоинство.

Мицкоски одговара:
„Како може да имаме исти црвени линии кога тој вели ќе ги стави безусловно, а јас барам гаранции за јазикот и народот?“

Жернов, плукање по македонската историја и чест

Бугарската културна инсталација „Жернов“ не е уметност.

Таа е политичка провокација и плукање по македонскиот народ, по неговата историја и самобитност.
ВМРО-ДПМНЕ јасно ја осуди оваа инсталација како
„политичка провокација чија цел е поништување на македонскиот идентитет“.

Партијата ги повика европските институции да осудат таквите чекори и да застанат на страната на вистината и достоинството.

Молкот на Софија , знак за непочитување

Официјална Софија избра тишина пред резолуцијата и реакциите.

Тоа е јасен знак на непочитување кон Македонија и европските вредности кои ги пропагира.

Со тоа, Македонија останува сама во борбата за својот јазик и идентитет.

Но, тоа само ја зацврстува одлуката на Мицкоски: не по секоја цена!

Македонија не смее да трпи уцени и понижувања !

Македонскиот народ заслужува водач што ја брани историјата, јазикот и културата без компромиси.

Резолуцијата и ставот на Мицкоски се таа линија што не смее да се премине.

Македонската борба за идентитет продолжува, со или без согласност од оние што не сакаат да ја признаат.

Резиме:

РАКАВИЦАТА Е ФРЛЕНА: ЕВРОПА И БУГАРИЈА МОРААТ ДА ИЗБЕРАТ , СОЈУЗ СО МАКЕДОНИЈА, ИЛИ СОЈУЗ СО ГЕНОЦИДОТ НА ИДЕНТИТЕТОТ

Please follow and like us: