Колумна на Слободан Томиќ – Роденденот на Александар Македонски: Македонскиот код, предавствата и светата обврска да се стори отпор!

Македонија Свет

Пишува: Слободан Томиќ

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ , ПРВИОТ СИН НА СЛОБОДАТА

Македонија не е случајност. 

Таа не е географски куриозитет. 

Македонија е мистична формула, запишана од Бога во коските на историјата, наменета за народ кој не сака да биде ничиј роб. 

 Tаму, во тој блесок меѓу Олимп и Хелеспонт, роден е оној кого денес светот го слави како најголемиот воин, стратег и државник , Александар Трети Македонски.

Роден на 21 јули, тој не беше само син на Филип, туку син на самата слобода. 

Неговата судбина не беше да владее со еден град, туку да ги разбуди сонот и правдата на сите понижени. 

Од Пела до Индија, неговата сабја не ги потчинуваше народите ,таа ги ослободуваше од нивните тиранства.

КИРО ГЛИГОРОВ И СЕМАКЕДОНСКОТО САМОУБИСТВО

Но, како од тој блескав зенит на историјата стигнавме до темнината? Одговорот е горчлив, но неопходен: преку домашно предавство. 

Секоја голема трагедија почнува со мала лага, а нашата почна со „Киро“. Тој, наводно спасувајќи ја СФРЈ, ја уништи темелната врска помеѓу нашиот народ и неговиот најсвет покровител: Александар Велики.

Круна на сето тоа беше неговата изјава дадена во живо на CNN ,пред целата светска јавност , каде без срам и без државничка совест изјави:

„Македонците немаат никаква врска со античките Македонци… тие се Словени што дошле на Балканот во 6-7 век.“

Замислете го тоа! 

Претседател на една новородена држава, кој наместо да ја зацврсти националната свест, ѝ ги сече корените. 

Тоа не беше само лично мислење , тоа беше акт на бришење на македонската душа, акт на прекинување на врската со Александар, Филип и целото древно наследство што е темел на нашето постоење.

Тоа е најтешкиот грев , семакедонско самоубиство!

ОД ПРЕСПА ДО САМОБРИШЕЊЕ: ЗОРАНОВИОТ ПЕЧАТ НА ПРЕДАВСТВОТО

На 17 јуни 2018 година, во еден акт кој историјата го бележи со црна маст, Зоран Заев го потпиша Преспанскиот договор. 

Не договор за решавање спор, туку договор за капитулација, за бришење на нашиот народ, јазик и идентитет. 

Под параванот на „европска иднина“, беше извршен идентитетски геноцид.

Македонскиот јазик беше симнат до „јазик што го зборуваат граѓаните на Северна Македонија“, Александар и Филип беа забранети од спомениците, а ние станавме народ со избришани предци. 

Ова не беше обична политичка грешка, ова беше системско понижување. 

Македонскиот ген беше ставен во формалин.

КОМЕРЦИЈАЛНИ ПАТРИОТИ И ДРЖАВНИК ЗА ПРОДАЖБА

Наместо да се исправат како челични столбови на нацијата, многу од нашите политичари се претворија во трговци на македонските светињи. 

Македонскиот идентитет беше ставен на аукција, а победникот беше секој што ќе дадеше повеќе , било тоа Брисел, Софија или Атина.

Комерцијални патриоти , со чадори на митинзи, а со потписи во тајни канцеларии. 

Ги продадоа вредностите, но и самиот народ. 

Македонските светилишта станаа предмет на лицитација, додека народот тоне во апатија и очај.

БОЖЈО ЧУДО: СИН НА МАКЕДОНИЈА ВО ТУЃИНА, КРИС ПАВЛОСКИ

Но Бог не ги остава своите. Кога во татковината патриотите молчат или крадат, се појавуваат чеда во туѓина кои не го заборавиле својот корен. 

Таков е Крис Павлоски , визионер, менаџер и сопственик на платформата Rumble, и близок човек на Доналд Трамп.

Павлоски, за разлика од балканските комесари, не молчи за вистината. 

Тој вложува пари, труд, истражување и љубов во докажување на македонскиот континуитет. 

Тој не се срами да го изговори името Александар Македонски како свој. 

Тој не го признава лажниот наратив што го сервираат туѓите академии.

Неговата работа е подвиг на современ македонски херој во дигитална ера.

ОД АЛЕКСАНДАР ДО МИЦКОСКИ, КОДОТ СЕ АКТИВИРА

Историјата нè учи дека големината на еден народ не се мери во бројки, туку во непокорот. 

И ако Александар ја обединил Македонија со меч и ум, денес нашата генерација е должна да го обедини народот со совест и отпор. 

Отпор против уставните промени, против надворешни ултиматуми, против внатрешни предавници.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, јасно и недвосмислено ја изговори реченицата што секој Македонец ја чекаше со децении: „Сакаме ЕУ, но не по цена на нашето име, јазик и идентитет“.

 Тоа е политичката линија што се протега од Александар до денес , линијата на отпор и достоинство.

ЗАВЕТ ПРЕД СЕНКАТА НА АЛЕКСАНДАР

21 јули не е обичен ден. 

Тоа е ден кога секој Македонец треба да застане пред огледало и да се запраша: дали сум достоен син на Александар? 

Или сум соучесник во предавството?

Не ни треба нов Александар. Ни треба нова свест. 

Македонска. 

Свесна. Храбра. 

Неоколонијалните договори треба да бидат поништени. 

Предавниците треба да бидат именувани.

 Патриотите треба да ја вратат државата.

Иднината почнува тогаш кога ќе престанеме да се плашиме. 

Вистината е на наша страна. 

Заев не може да ја избрише. 

Ахмети не може да ја купи. 

Бугарија не може да ја присвои. Историјата има свој глас ,а тој глас зборува на македонски јазик.

ЗА КРАЈ: НЕ КЛЕКНУВАЈ, НЕ ЗАБОРАВАЈ, НЕ ПРОДАВАЈ!

Александар не чекори повеќе меѓу нас, но неговиот дух е во земјата што ја газиме. 

Во секој камен од Пела до Битола. Во секој збор на нашите дедовци. Во секоја борба за вистината.

На овој ден, нека Македонија се сети кој е нејзиниот татко. 

И нека почне враќањето.

Please follow and like us: