Засилени контроли на Охридско Езеро: Откриени 14 прекршоци и три случаи на алкохол кај пловци

Охрид

Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, викендов реализира зајакнати контролни мерки согласно Законот за внатрешна пловидба. Притоа, полициските службеници кај 7 лица констатираа 14 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, алкотестираа вкупно 13 лица и кај 3 лица констатираа присуство на алкохол во организмот. По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Please follow and like us: