Колумна на Слободан ТОМИЌ – Манифест до султанчињата на опозицијата: Освестете се и не ја поткопувајте Македонија

Македонија Свет

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Во време кога идентитетот гори, кога јазикот се крши, а историјата се прекројува со тивка дозвола, молкот не е неутралност. 

Молкот е соучесништво.
Затоа овој манифест не е текст.

Тој е аларм, тресок, ѕвонење за будење пред да биде предоцна.

ЈАЗИКОТ Е ЧОВЕК, НАРОД, СУШТИНА

Македонскиот јазик не е дијалект, не е привремена шифра, тој е нашата најдлабока вистина.

Секоја тишина кон неговото негирање е срам.

Секој „европски“ компромис со него е нож во грб на дедовската жртва.

НЕМА МАКЕДОНИЈА СО ПОДАДЕН ГРБ

Оние што клекнуваат пред Брисел, пред Софија, пред странски амбасади, не ја водат Македонија, туку ја распродаваат.

Ова не е геополитика, ова е национален хрбет.

МИЦКОСКИ КАКО ЕДИНСТВЕН ГЛАС ВО БУРАТА

Кога Христијан Мицкоски повика на резолуција за заштита на македонскиот јазик и идентитет, тој не бараше аплауз, туку сојузници.

 Но, доби ѕид.

Молчење! 

И тоа не од непријателите, туку од „својте“.

КАДЕ СЕ ОПОЗИЦИСКИТЕ ПАРТИИ?

Додека Македонија е под жесток напад, тие се занимаваат со тоа како да го напаѓаат Мицкоски.

Како да му ја симнат довербата.

Како да изиграат мали султанчиња на сопствениот народ.

ПАРТИСКИТЕ ФРУСТРАЦИИ НЕ СЕ ПОВАЖНИ ОД ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА

Ако ви пречи ВМРО-ДПМНЕ затоа што народот го гледа како единствен бедем, не го напаѓајте, туку направете нешто повеќе.
Со дела.
Со визија.
Со жртва.

КОЈ ГО ПРЕДАВА НАРОДОТ СО ТИШИНА?

Повеќе се плашам од молкот на „нашите“ отколку од гласот на непријателите.

Молкот во парламентот, молкот во медиумите, молкот во академиите.
Тој молк е темел на распаѓање.

ЕВРОПА НЕ ВРЕДИ АКО ВО НЕА ВЛЕЗЕМЕ БЕЗ ИМЕ И ЈАЗИК

Македонија не може да стане членка на ЕУ ако претходно мора да стане сенка.
Да се самоуништиме за да станеме дел од клубот? 

Тоа не е интеграција, тоа е самоубиство.

НЕ ГО ДОЗВОЛУВАМЕ БРИШЕЊЕТО НА ИСТОРИЈАТА

Историјата на Гоце, Делчев, Сандански, Илинденците и сите генерации што крвареа за ова парче земја, не е за преговарање.

Тие не гинеа за некој денес да потпишува срамни декларации.

НАРОДОТ МОРА ДА СЕ ВКЛУЧИ,САМО ТОЈ МОЖЕ ДА ГО ПОБЕДИ СРАМОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА!

Ова не е борба само на политичари. Ова е обврска на секој Македонец што знае што значи име, чест, историја.

Потребен е народен фронт, отпор на достоинствени.

ЗАЕДНО ИЛИ РАСПАРЧЕНИ, НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ

Или ќе се обединиме зад државнички концепт, или ќе останеме расфрлани, нападнати и продадени. 

Секој ден молк е ден изгубен.

ПОРАКАТА НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ ОДЕКНУВА

„Браќа и сестри, бидете на штрек, не подарувајте го идеалот на вашиот минлив живот, не напуштајте го храмот што го носите во вас…“

Македонија е тој храм. 

Не смееме да ја оставиме да се распадне.

КОНЕЧНО: ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ !

Овој манифест не е против никого , но е против секого што ја продава Македонија. 

Тоа е повик до срцата, умовите и совеста, сега или никогаш.

НЕ Е ВРЕМЕ ЗА МОЛК. ВРЕМЕ Е ЗА ГЛАС. ЗА АКЦИЈА !

ЗА МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ!

Македонија не е ничија прчија , таа е на Македонците по род и државјанство!

КОЈ ЈА ПАЛИ МАКЕДОНИЈА?!

Македонија не се уништува само со договори и уставни измени.
Се уништува со оган! 

Со чад! 

Со пепел! 

Со страв!

Кој ја пали Македонија?

Кој гледа како пламенот ја голта земјата на дедовците, а се крие зад празни фрази за „стихија“?

Кој стои зад подметнувачите што ги фаќа власта, а се зборува дека меѓу нив има и високи функционери , дури и од ДУИ?

Зошто секогаш гори македонско? 

Зошто ниедно албанско село не е зафатено?

Зошто македонските шуми, ниви и села се во оган, а западот молчи?

Дали тоа е случајност , или стратегија?

Народот гледа. 

Народот негодува.

Ова не се обични пожари , ова е еколошки тероризам. 

Ова , е демографска агресија. 

Ова , е закана по опстанокот!

Ги прашуваме султанчињата од опозицијата:

Зарем не ви мириса пепелта?

Зарем не го слушате крикот на планината што гори?

Македонија се брани и со вода, и со глас, и со отпор!

Нема да молчиме додека пепелта не нè покрие сите!

АТАКОТ НА РАДЕВ И БУГАРСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ: РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА ЈАЗИКОТ И ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНИЈА, ЗАКАНА ИЛИ ПАТ КОН СУВЕРЕНА ДРЖАВА?

Во последните месеци сме сведоци на отворена стратегија на Софија, предводена од претседателот Румен Радев и група бугарски европратеници, со која се врши систематски напад врз македонскиот јазик и идентитет.

Овој напад не е само дипломатска расправа, туку отворен удар врз срцето на македонскиот народ.

ЈАЗИКОТ, ТЕМЕЛ НА ИДЕНТИТЕТОТ ПОД ДИРЕКТЕН АТАК

Јазикот е суштината на секој народ.

 Барањето на Радев и неговите европратеници македонскиот јазик да се смета за дијалект на бугарскиот, е обид за бришење на македонскиот идентитет.

Во документите што Софија ги лобира во Европскиот парламент, македонскиот јазик се прикажува како „производ“ или „дел“ од бугарскиот, што е културна асимилација и негирање на нашето право на држава.

РЕЗОЛУЦИЈАТА НА МИЦКОСКИ – НАЦИОНАЛНА ОДБРАНА НА ИДЕНТИТЕТОТ

Премиерот Мицкоски го понуди единствениот чесен и цврст предлог , резолуција во Европскиот парламент што ќе го гарантира македонскиот јазик и идентитет како нерушливи вредности.

Ова е патот кон европско признание што не нè распарчува, туку нè зацврстува.

Но, поддршката е слаба.

Тоа зборува за состојбата на нашата дипломатија и за длабочината на заканата.

УДАР ВРЗ УСТАВОТ , „ЗАДНИТЕ ВРАТИ“ НА БУГАРСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

Најопасно е што се туркаат тајни договори и уставни измени: вклучување на „бугарски јазик“, „заедничка историја“, што ќе значи укинување на сувереноста и поништување на македонската посебност.

Ова е јадрото на предавството , и мора да биде отфрлено.

СУЛТАНЧИЊАТА ВО ОПОЗИЦИЈАТА – СЛАБОСТА ШТО ЈА ЗАГРОЗУВА ИДНИНАТА

Некои лидери од македонската опозиција се однесуваат како султанчиња, калкулираат, тактизираат, се кријат зад партиски интереси, додека Македонија е на колена.

Време е овие султанчиња да разберат – ако не застанат со народот, ќе бидат запишани меѓу предавниците.
Ако сакаат да ја заслужат историјата – нека застанат зад Мицкоски и резолуцијата.

ИЛИ СИ СО НАРОДОТ, ИЛИ СИ ПРОТИВ НЕГО!

Нема повеќе простор за двојна игра. Ова е борба за јазикот, идентитетот, уставот.

Сè друго е предавство.

Ги повикувам чесните луѓе во опозицијата: оставете ги султанчињата, застанете со народот. Со Мицкоски. 

Со Македонија.

МАНИФЕСТ ДО СУЛТАНЧИЊАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА: ОСВЕСТЕТЕ СЕ И НЕ Ѝ НАШТЕТУВАЈТЕ НА МАКЕДОНИЈА!

Please follow and like us: