Предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите, Мицкоски очекува да се изгласа пред распишување на изборите

Македонија Регион

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека очекува да се изгласа линеарното зголемување на пензиите, што е барање на пензионерите.

-Тој процент согласно закон кој треба да се зголеми да биде линеарно распредeлен на сите корисници на пензии. Денеска на седница на Владата би требало предлог-законското решение да помине и да биде испратено до парламентот. Очекувам парламентот пред распишување на локалните избори тоа да го изгласа позитивно, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Please follow and like us: