Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа на улицата „Партизанска“ во Охрид

Охрид Црна хроника

На 21.07.2025 во 23.10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (32) од с.Куратица, охридско и мопед „дерби“ со охридски регистарски ознаки, управуван од(22) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По наредба на Јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Please follow and like us: