Колумна на Слободан ТОМИЌ – Крајот на една доминација: Ќе падне ли Али Ахмети со Бујар и Изет?

Македонија

Симболичен крај или нова албанска пролет во Македонија?

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Почеток на крајот за ДУИ? Или почеток на нова ера?

Али Ахмети, човекот што повеќе од две децении го држеше албанскиот политички корпус во Македонија како своја лична сопственост, денес се соочува со историски и понижувачки предизвик.

Овојпат тоа не е надворешна опасност.
Не е судски процес.
Не е ниту меѓународен притисок.

Овојпат , тоа е сопствениот народ.
Тоа е внатрешен пораз, демократски шамар и политичка демистификација.

ДУИ веќе не е недопирлива сила. Поразот на Блерим Беџети во Сарај, експоненцијалниот раст на поддршка за Изет Меџити и Алтернатива, како и арогантниот однос на Бујар Османи, откриваат дека:

Али Ахмети се соочува со својата последна, најтешка и најсимболична битка , битката за политички опстанок.

Бујар Османи: Амбасадорски багаж или премиерски капацитет?

Од него сакаа да направат „европско лице“ на ДУИ.

Доктор по медицина, дипломат, министер за надворешни работи во критични времиња. Но , без харизма.

Во базата на ДУИ, Бујар Османи никогаш не беше доживеан како борец од теренот. 

Тој е „спуштен одозгора“, не автентичен лидер.

Неговите односи со западот, без допир со реалните проблеми на албанските граѓани, го прават симбол на елитизмот и отуѓеноста.

ДУИ се обиде да го употреби како мост кон граѓанска влада со Христијан Мицкоски, но народот гледа подлабоко:

Османи е перцепиран како дел од потрошен систем – и тоа ќе се покаже на изборите.

Изет Меџити: Автентичниот глас или коалициски хазард?

Од сенка до ударна тупаница.
Изет Меџити, некогаш тивок поддржувач во структурата на ДУИ, денес е најгласниот критичар на Али Ахмети.

Тој говори она што многумина го мислат.

Гласен е, директен, и има поддршка на теренот , Тетово, Гостивар, Сарај.

Ахмети молчи.

Нема одговор на неговите напади, кои се претворија во глас на незадоволниот албански народ.

Ако Изет го победи Бујар во Чаир, тоа ќе биде сигнал за епохална промена.

Тоа нема да биде обичен пораз.
Тоа ќе биде почеток на крајот на „Планината“.

ДУИ – од оружје до картел

ДУИ изникна од воена организација, но за жал, не се трансформираше во вистински демократски политички субјект.

Две децении се врзуваа со најкорумпираните македонски влади, од Груевски, преку Заев, до Ковачевски.

Секој што им понуди власт, имаше партнер во Ахмети.

Но историјата покажа , кој живее од пазарења, умира во уцени.

ДУИ ја претвори политиката во бизнис.

Гласачите во бројки.

Државата во заложник.

Од некогашен глас на обесправените Албанци, стана банкарска филијала на неколку кланови од Мала Речица.

Ахмети без ДУИ или ДУИ без Ахмети?

Поразот нема да биде само бројка на избирачкиот список.
Тој ќе значи:

  • Демотивација на кадарот
  • Напуштање од младиот потенцијал
  • Пад на контролата врз „гласачките машини“
  • Психолошки крах на митот за непобедливост

Али Ахмети ќе мора да избере:

– Да си замине достоинствено
– Или да биде симнат со понижување, како лидер што не ја препознал промената на времето.

Македонци и Албанци: Паралелна револуција

Македонците веќе го кажаа своето , избраа искрен, решителен и достоинствен лидер во Христијан Мицкоски.

Албанците исто така заслужуваат нова политичка генерација, ослободена од сенките на командантите, од договорите во ресторани и од уцените со гласови.

Ова е историски момент за синхронизиран исчекор.

Македонци, и Албанци бараат исто: крај на елитизмот, крај на корупцијата, крај на феудалната политика.

Постахметиерата , нова шанса за албанскиот политички мозаик

Ако Ахмети падне, нема да има вакуум.

Напротив, ќе има експлозија на политичка креативност.

Нови актери. Нови платформи. Нови вредности.

Граѓански пристап, вистинска интеграција, почит кон економската реалност и кон државата.

Албанската политика конечно ќе може да се ослободи од уцените, пазарењата и клиентелизмот.

Изет Меџити и Алтернатива имаат историска шанса да ја поведат оваа нова ера.

Да станат албанскиот партнер на една нова македонска држава.

Последниот чин на Планината

Али Ахмети беше херој, стратег и актер.

Но, последниве години, заробеник на сопствениот мит.

Ако дозволи да го потценат ударот од Изет, ако не сфати дека Османи е баласт, а не адут, тогаш целиот проект наречен ДУИ ќе се распадне.

Ќе стане јасно дека зад фасадата стоеле:

  • Кланови
  • Договори во сенка
  • Етнички уцени
  • Финансиски интереси

Очекувањето на народот: Морална оставка, не театарска глума

Ако ДУИ загуби, Али Ахмети мора да понесе морална одговорност.
Без театралност, без парада.

Народот не сака лидер до гроб.
Народот бара вистински крај на политичката монархија.

Историјата веќе ја подготвува гумата за бришење на оние кои не знаат кога да си заминат.
Како што паднаа некогаш „вечните“ Тито, Чаушеску и Милошевиќ , така и Али Ахмети нема да избега од времето што доаѓа.

Резиме: Време е за нов почеток , без Ахмети, без Бујар, без страв!

Оваа колумна ја објавуваме со цел да го отвориме прашањето за одговорноста на албанската политичка елита.

Како што македонскиот народ се определи за промена со Христијан Мицкоски, така и Албанците имаат право да направат пресврт.

2025 година нека биде година на политичко будење.

Без Ахмети!
Без Османи!
Без манипулации!

Please follow and like us: