Македонец со еден потег „спакува“ терорист во авион, инцидент на летот Лутон – Глазгов

Македонија

Македонецот Зоран Настески успеал да совлада човек кој извикувал во авионот дека има бомба. Како што се гледа и на видеото, човекот извикува „Алах Акбар“, а Македонецот го спречува инцидентот. Човекот Зоран Настески видеото го прикачил од неговиот профил на Јутуб, како што може да се види. Инцидентот се случил вчера на лет на easyJet од Лутон до Глазгов.

Иако првично српските портали објавија дека станува збор за српски државјанин сепак се работи за Македонец како што ни јавувате вие во порака. Ова доведе до принудно слетување на преполн авион на аеродромот во Глазгов.

На видеото може да се слушне како напаѓачот вели:

Сакав да му испратам порака на Трамп… тој е во Шкотска, на што патниците одговараат зошто го прави тоа, бидејќи во овој авион има семејства со деца.

И потоа се слушна како еден од патниците рече „Пи*да ти материна“, стана и го совлада човекот што се закануваше. Со еден удар го фрли на земја и го држеше сè додека не се приближија персоналот и другите патници.

Да ти е*ам мајката, да ти…, продолжи да вика и го предупреди човекот да „седне“.

Напаѓачот потоа беше врзан со лисици и шест полицајци го извлекоа од авионот, додека преплашените патници останаа во солзи.

На видеото се слуша како напаѓачот вели: „Сакав да му испратам порака на Трамп… тој е во Шкотска“.

Се вели во објавата на Инстаграм профилот @24Chasa.

Please follow and like us: