Пишува: Слободан Томиќ

Ден спроти Илинден…
Илинден , светол спомен на оние херои кои пред 122 години се кренаа со непокорен дух за слобода и правда. Тие кои со своите животи и со крвта што ја положија ја испишаа најсветата страница во македонската историја.
Но, колку од овие светли идеали останаа жива светлина во нашата сегашност?
Дали денешните македонски патриоти и носители на власт се достојни за нивната жртва?
Дали вистинските Илинденци се само оние што се родени под македонското знаме, или се сите оние Македонци по род и душа, каде и да се на петте континенти, кои не ги продадоа своите корени за туѓи пари и лажни ветувања?
Колку има од 2.8.1903 до денес?

122 години подоцна, Македонија се уште е на крстопат , но не оној за кој нашите дедовци се бореа.
Дали вредеше таа прва република на Балканот, првото големо востание, да положи толку животи и светли души за ова денес?
Дали оние што се нарекуваат политичари, лидери, патриоти , чест за исклучоци , навистина ја носат тежината на македонското име?
Дали овие нови „војници“ на народот се вистински наследници на Илинденската клетва, или само параван за лични и странски интереси?
Од суров реализам до надежта: Македонија на нова раскрсница
Народот не бара чуда.
Бара правда.
Бара вратена татковина.
Бара она што му беше одземено од измамените, политичките картели и глобалистичките службеници.
Денес, Македонија не стои пред прашањето дали има стратегија, туку, дали конечно ќе има држава за обичниот човек.
Дали ќе се пресече вековната врска помеѓу власт и пљачка?
Социјалните кошнички, првиот тест за моралната етика на новата власт
Пет јадра, пет столба, пет шанси.
Пет социјални кошнички се предлог кој има потенцијал да ги смени судбините на илјадници луѓе.
Но, само ако не бидат уште едно списание од предизборен маркетинг.
1.) За самци, храна и кров, за да не спијат под мостови.
2.) За трочлени семејства, енергија, исхрана, достоинство.
3.) За четиричлени, субвенции, дом, иднина.
4.) За пензионерите, сигурност, не милостина.
5.) За младите, кредити и поддршка, а не иселување!
Овие кошнички се повеќе од „мерки“ – тие се обид за спас од апокалипсата која ја оставија Заев, Ковачевски и нивните трговци со патриотизам.
Од Вавилон во Дубаи до Валандово без вода: Контрастот што боли
Се сеќаваме. „Железните опинци“ беа симбол на лагата.
Заев ветуваше минимална плата од 500 евра, не само што не стигна, туку ги закова чевлите на сиромаштијата на секој дом.
А тој?
Се сликаше во Дубаи.
Се луксузираше во апартмани.
Го продаде името.
Идентитетот.
Сега ни држи предавања за морал!?
Не, господине Заев.
Вие сте минато кое не заслужува повратен билет.
Македонија ќе ве преживее, но нема да заборави.
Новата ера: Не слики, туку договори
Христијан Мицкоски, за разлика од вас, не шеташе со шминка и сликички.
Отиде во Дубаи и донесе еден од најголемите инвеститори во регионот, за конкретни проекти, за конкретни луѓе.
Не за фамилии, туку за Македонија.
Станбена политика, ако не се гради држава, ќе се рушат животи
Државно поддржаното домување не е статистика.
Тоа е гласот на младите кои повеќе не можат да си дозволат да останат во Македонија.
Ако оваа програма успее, ќе се смета за историски момент.
Ако пропадне, ќе биде последен клинец во ковчегот на јавната доверба.
Одбивната вистина за 32 милијарди евра, каде се сега тие што ветуваа ревизии?
Потеклото на имотот мора да биде првиот фронт на оваа Влада.
32 милијарди евра исчезнати, а никој не одговара.
Фирмите на Вице, милионите на Груби, становите на поранешни министри…
Без конфискација, сè е фарса.
Народот не сака спектакл – сака поврат на украденото!
Политичка провокација од кујната на лицемерието

„Ако го најдам Мицкоски…“, пишуваат некои што цел живот ја губеа Македонија, а сега сакаат да делат морал.
Тие што ѝ го сменија името на државата, ѝ го распнаа идентитетот, ја ставија економијата под клуч, а сега глумат спасители.
Мицкоски не бега од дебата, тој ја води со народот секој ден.
Вие бевте на дебата со Вашите конзилиуми на провизии, тендери и офшор фирми.
Ќе се врати ли државата на народот или ќе ја понудат на аукција?
Ова е моментот.
Не следна недела, не наредна година. Сега!
Ако, нема закон за потекло на имот, ако не се отвори досието на Фичипче, ако не се застане пред суд правдата… тогаш ќе бидеме уште една генерација на молк и пораз.
Од ЕС-совети до ЕС-реалност: Народот не јаде декларации
Денешниот социјален совет не треба да биде формалност. Ако програмата за 2025 остане на хартија, ќе биде уште една изгубена шанса.
Но, ако се претвори во дејствување, тогаш ќе значи надеж.
Хаштагот што значи отпор: #МакедонијаЌеПобеди

Нема цена за достоинство.
Нема трговија со идентитет.
Нема замена за татковината.
Народот не бара многу, само правда, леб и гордост.
Ако , оваа власт има храброст, нека ја вратат државата на народот.
И нека се исполни клетвата на опинците:
Никогаш повеќе Заеви и Фичипчи, никогаш повеќе Вавилон за елитата и кал за народот!
ОД ЖЕЛЕЗНИ ОПИНЦИ ДО СОЦИЈАЛНИ КОШНИЧКИ: ЌЕ СЕ ВРАТИ ЛИ ДРЖАВАТА НА НАРОДОТ?
Само времето ќе покаже.
Но народот веќе не чека.
Народот го отвори тефтерот на неправдата.
И има намера да наплати.
Илинден не е само ден, туку завет. Завет за слобода, за држава, за иднина. Нека ни е честит Илинден – денот кога народот го испиша својот аманет во историјата!“

















