Приведен 21-годишен прилепчанец пред ноќен клуб во Охрид – пронајдена марихуана во возилото

Охрид Црна хроника

На 30.07.2025 во 21:25 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран во туристичкиот комплекс „Горица“ во Охрид, приведен е (21) од Прилеп, во чие возило „ауди“, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа опаковка со марихуана. На службен разговор во СВР Охрид, повикани се и сопатниците во возилото (21) и (21), двајцата од Прилеп. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе  поднесе соодветна пријава.

Please follow and like us: