Голем пожар избувна синоќа во нафтено складиште во рускиот град Сочи. Гувернерот на регионот ја обвини Украина за напад со беспилотни летала. Според руското Министерство за одбрана, вкупно 93 беспилотни летала лансирани од соседната земја биле соборени преку ноќ.
Украинската армија не ја презеде одговорноста за нападот во близина на Сочи. Сепак, вчера објави дека извршила напади со беспилотни летала врз нафтено складиште во регионот Воронеж, кој се граничи со североисточна Украина, во петокот навечер. Ова беше опишано како одмазда за смртоносните руски воздушни напади врз украинските градови оваа недела.
Во Сочи, околу 250 километри југоисточно од Крим, се запали резервоар за гориво во нафтено складиште. Според гувернерот на регионот Краснодар, повеќе од 120 пожарникари биле распоредени за гаснење на пожарот, објавија руските државни медиуми.
Украинскиот новински сајт „Киев инсајдер“ вели дека ова е снимка од пожарот во нафтено складиште во Сочи:

