Падна рекетарска шема, Лице фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра, пари кои биле резултат на долгогодишна изнуда

Македонија Регион

Со месеци закани, со години рекет, стотици илјади евра исцицани преку страв и уцени – денес заврши!

Бирото за јавна безбедност удри прецизно и директно. Лице фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра, пари кои биле резултат на долгогодишна изнуда. Акцијата е спроведена со судски налог, по насока на обвинителството и криминалистичка обработка.

Неофицијално се работи за лица од Арачиново од познатата фамилија Маслани кои беа и поврзувани и со криминалните банди Барон и Беланоца.

Полициското присуство во Куманово и Арачиново е видливо, а ова не е само изолиран случај. Нашите извори велат дека ова е порака, нема веќе „газди“ над законите. Нема веќе рекет врз чесни граѓани. Нема повеќе молк пред заканите.

Со ова полицијата уште еднаш секој ден, со секој чекор праќа силна и јасна порака до секој еден што мисли дека е над правото и законите.

Please follow and like us: