Пецаков: Општина Охрид доби 8 нови прочистувачи на воздух кои ќе бидат поставени во основните училишта во општината

Охрид

Општина Охрид доби 8 нови прочистувачи на воздух од програмата на Владата на Република Македонија кои ќе бидат поставени во основните училишта во општината.

Оваа мерка е дел од програмата на Владата за подобрување на квалитетот на воздухот и покажува сериозен напор за намалување на критичните концентрации на штетни честички, како што се PM10 и PM2.5, кои претставуваат главна закана за здравјето.

Се работи за напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL кои ќе помогнат во елиминацијата на вируси, бактерии и микроорганизми, создавајќи потполно безбедна средина за учење и работа во училишните објекти.

Овој проект значително ќе придонесе за подобрување на условите за настава и намалување на ризиците од аерозагадувањето, особено за учениците.

Искажуваме голем благодарност до Владата за нивната голема посветеност во делот заштита на здравјето на граѓаните и заложбите за обезбедување на чиста животна средина.

Please follow and like us: