Колумна на Слободан ТОМИЌ – Третиот тим на теренот: Парите, политиката и продажбата на државата

Македонија

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Кога трибините стануваат бојно поле, кога химните се заменуваат со мапи на „Голема Албанија“, а кога милијардери со политичка заштита креираат атмосфера на поделба , тогаш тоа не е спорт, туку проект. Македонија е цел. 
Тишината на оние што треба да ја штитат ,најголемиот сојузник на тие што ја рушат.

СКОПЈЕ НЕ ПЕЧЕШЕ ПОД СОНЦЕТО, ТУКУ ПОД НАЦИОНАЛИЗАМ

Натпреварот меѓу Шкендија и Карабах не беше спортски настан.
Тоа беше тест.
Тест за државата, за институциите, за нашата национална безбедност. 

На тој терен не се сретнаа само два тима , туку и две визии: една на градење, и друга на распарчување.

КОГА БОГАТСТВОТО ЈА КУПУВА МОЌТА, ЗАКОНОТ СТАНУВА СТАТИСТ

Назиф Дестани, милијардерот од „Еколог“, одамна не инвестира во фудбал , туку во молк.

Тој е сценарист, а Шкендија е негова продукција. 

На трибините не се навива, туку се праќаат пораки.

И секој што молчи , е соучесник. Дестани не е само „спонзор“.
Тој е дел од проектот за невидлива, но смртоносна ерозија на македонската државност.

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА И ПРЕМИЕРОТ, ЕДИНСТВЕНИ НА ОДБРАНБЕНАТА ЛИНИЈА

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова реагираше прва.

Гласно, достоинствено, правично. Премиерот Христијан Мицкоски ѝ се придружи , со државнички повик за санкции, за јасен фронт против омраза и закани.

Но ,тие беа осамени. 

Собранието молчеше. Министерствата спиеја.

 Јавното обвинителство гледаше снимки , наместо да отвори предмети.

АЛБАНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ , МЕЃУ БИЛБОРДИ И ЗАГОВОРИ

Каде беа Африм Гаши, Изет Меџити, Билал Касами, Арбен Таравари, Али Ахмети?

Сите беа таму , физички.
Но, во суштината беа отсутни.
Ниту еден збор.

Ниту една осуда.
Ниту една свест дека живеат во држава која ги плаќа, а која тие ја дозволуваат да биде плукната. 

Македонија не е огласна табла за „Голема Албанија“.
Ова е држава , а не плен!

КАДЕ СЕ ВЈОСА И ЕДИ?

Се јавуваат за сè , ама не и за ова.
Вјоса Османи, претседателката на Косово, брзо коментира за хуманизам и солидарност.

Еди Рама, премиерот на Албанија, глуми европејство на секој самит.

Но, кога на трибините во Скопје се скандира „Голема Албанија“, кога се величаат структури кои не признаваат македонски идентитет , и двајцата се неми.

Ако ,Мицкоски повика на истрага , веднаш станува „екстремен“.

Но, кога цел стадион вика против Македонија, тие велат „не е наша надлежност“.

Тогаш, простете, за што точно сте „регионални лидери“?

За кога е пријателството , само кога ќе ви треба поддршка за визи, кредити, инвеститори?

Македонскиот народ гледа, слуша и памети.

КОГА „БАЛИСТИ“ НЕ НАВИВААТ, ТУКУ МАРШИРААТ

Навивачката група „Балисти“ одамна не е спортска. 

Тоа е политички проект со конкретна агенда. 

Знамето на „Илирида“, повиците за „Чамерија“, скандирањата за „Голема Албанија“ , не се спонтани. 

Тоа е сценарио.

Професионално подготвено, идеолошки закотвено, и логистички покриено.

Тоа не е спорт.

Тоа е подземна операција на етничко влијание.

ЈАВНОСТА ГО ВИДЕ , КАДЕ Е ОБВИНИТЕЛОТ?

Го виде целата држава.

 Реагираше народот.

 Реагираше претседателката. 

Реагираше премиерот.

Но , обвинителството?

 Ќути. 

Пребројува.

Се криe зад бирократија и страв.

 Дали ако викаа за „Голема Македонија“ ќе беше исто?

Не, тогаш ќе беше хистерија.

Тогаш Брисел ќе праќаше ноти до Владата и ќе глумеше  „загриженост“
а, кога скандираат за „Голема Албанија“, тоа се нарекува „емоција“.

50 МИГРАНТИ ЗА 50 ТРИБИНИ СО ОМРАЗА

Косово прифати 50 мигранти, и доби меѓународна пофалба.

Македонија доби 50 редови скандирања против својот устав, и молк од светот.

Ова не е случајно.

 Ова е дел од долгорочната стратегија, слабење на Македонија одвнатре, и претставување на „албанските фактори“ како партнери на Западот.
Тоа е лицемерие. Прашувам: каде се Марк Руте и Радмила Шекеринска како први луѓу на Алијансата?Нели,сме и ние НАТО членка,и за тоа Зоран Заев ,со бандата го дадоа,да не речам продадоа името,како што оценува претседателот Ѓорѓе Иванов,а ќе бевме блендирани и мирни и безбедни?

ДЕСТАНИ Е ПОВЕЌЕ ОД СПОНЗОР , ТОЈ Е ЗАКАНА ЗА ДРЖАВНОСТА

Кога милијардер диктира што ќе се вика на стадион, а институциите го штитат, тоа е окупација.
И да, таа окупација се плаќа со нашите даноци. 

Со нашиот мир. 

Со нашата тишина.
Тој не е проблем сам по себе. Проблем е системот што му дозволува да биде над закон. И над држава.

ИЛИ СМЕ ДРЖАВА, ИЛИ СМЕ РЕКЕТИРАН ОБЈЕКТ

Оваа анализа не е апел. Ова е предупредување.
Ако државата не го казни организираниот национализам , ќе го добие како институционална реалност.
Ако го легитимира срамот како „спорт“, ќе си ја уништи сопствената основа. 

Македонија мора да одговори, сега.
Не со празни зборови.

Туку со дела. Со обвиненија.
Со институционален отпор.

ПОРАКАТА Е ЈАСНА: СО МИЦКОСКИ И СИЉАНОВСКА ПРОТИВ ДВОЛИЧНОСТА

Денес Македонија има водство. Има премиер што не молчи.
Има претседателка што не тргува со државноста. Мицкоски и Сиљановска се единствени што го кажаа тоа што секој чесен Македонец го мисли: дека ова е црвена линија.
Дека ова е прашање на опстанок. Време е државата да го следи нивниот пример , не само со зборови, туку со дело.

СТАДИОНОТ Е ОГЛЕДАЛО , И ГО ВИДОВМЕ СОПСТВЕНИОТ ЛИК

Она што се случи не е инцидент.
Тоа е системска болест. Ако не ја лечиме сега , ќе не одведе во кома. Не само институционална, туку и идентитетска.
Затоа, нека биде ова последна сцена од филмот „Тивка окупација“.
Во спротивно, следната ќе биде со вистински последици.

ИЛИ ЌЕ ЈА ЗАШТИТИМЕ МАКЕДОНИЈА , ИЛИ ЌЕ ЈА ПЛАЧЕМЕ КАКО ИДЕЈА

И тоа нема да биде вина на некој друг. Туку наша. А сè уште имаме избор.

Please follow and like us: