Колумна на Слободан Томиќ – ЧЕСТ И НЕПОКОР: Гордана Силјановска-Давкова, Претседател што го врати гласот на Македонија

Македонија

Пишува: Слободан Томиќ

Слободан Томиќ

ИЛИНДЕН ВО XXI ВЕК, НЕ  Е ПРАЗНИК, ТУКУ ЗАВЕТ!

2 август 2025 година не беше празнување , беше воскресение. 

Од Мечкин Камен не одекна протоколарен говор, туку завет, отпор, тивка клетва на народ што молчеше со години.

И таму, исправена и достоинствена, не како чиновник, туку како чувар на аманетот, застана Гордана Силјановска-Давкова.

Не се преправаше дека држи говор , таа повикуваше на историска будност.

Не се извини, таа ја прогласи вистината.

Кога државата молчеше, таа зборуваше.

Кога народот беше цензуриран, таа го повика на достоинство.

ОД ПРОТОКОЛ ДО ЕПОПЕЈА

Претседателката не зборуваше како избрана од институции. 

Зборуваше како избрана од совеста.

Тоа беше Илинден кој не се одржа во сенка на минатото, туку во жарот на сегашноста.

Не беше само комеморација, беше нова точка на историска линија.

Таа не чита говор напишан од надворешна амбасада.

Не бара дозвола да изговори „Македонија“.

Не вметнува фуснота покрај идентитетот.

Не поставува ѕвездички до македонскиот јазик.

Таа го врати јазикот на државноста, не како декларација, туку како суштина.

МАКЕДОНИЈА, НЕ Е ТЕРМИН, ТУКУ СУБЈЕКТ СО КРВ И ПАМЕТЕЊЕ

Сиљаноска кажа: Македонија не е термин на преговарачка маса, туку реалност, крвава, историска, праведна.

Македонија не е фраза, таа е гроб на паднатите и дом на живите.

Македонија не е „случај“, таа е држава.
И тие што не ја признаваат, не постојат за нас.

СЕ СКРШИ ТИШИНАТА, ПОЧНА ОТПОРОТ

Овој говор не беше крај, туку почеток.

Почеток на историска офанзива. 

Почеток на враќање на гласот.

Професорот проговори.

Пензионерот се разбуди.

Селанецот крена чело.

Студентот почна да мисли.

И тој глас веќе не може да се избрише.

ЕВРОПА МОЛЧИ, НИЕ НЕ СМЕЕМЕ!

Сто години од „АБЕЦЕДАРОТ”, Европа уште молчи.

Молчи за егеецот што исчезнал.

Молчи за променетите топоними.

Молчи за палењето на македонскиот јазик на границите на т.н. цивилизирана Европа.

Македонскиот јазик, првиот европски јазик негиран од ЕУ членка.

Македонскиот народ, единствениот што треба да го објаснува своето постоење.

Зошто молчи Европа?

Зашто сака тивок сосед, не гласен Македонец?

Зашто сака послушност, не достоинство ?

Зашто сака колонија, а не народ?

ДВОЈНИ СТАНДАРДИ: ЗА ЕДНИ Е ПРАВДА, ЗА ДРУГИ, САМОУНИШТУВАЊЕ!

Од нас бараат уставни измени , за да влезе туѓ народ.

Од нас бараат Преспански договор, за да не се викаме како што сме.

Од нас бараат француски предлог, за да ни го избришат јазикот.

Тоа не е европски пат, тоа е европска фарса.

Додека членките на ЕУ негираат наши права, од нас бараат реформи.

Додека толерираат фашизам и корупција во други држави, нас нè казнуваат за патриотизам.

Тие не сакаат правдина , сакаат потчинетост.

СКАНДАЛОЗНА ПРАВДА: КОГА ПАЛИШ ЗНАМЕ, СИ ГОСТИН, КОГА ГО БРАНИШ, СИ „ЕКСТРЕМИСТ“

Кога Германец развеа мапа на „Голема Албанија“, го протераа веднаш.

Но, кога домашни балисти палат македонски знамиња , молк.

Кога извикуваат УЧК и се закануваат со етничко насилство, државата ги гали по глава.

Зошто?

Затоа што зад нив стои сценарио !

КОЈ ГО НАПИША СЦЕНАРИОТО?

Тие не се случајни хулигани.

Тие се политички инструмент на еден план , да се создаде страв, поделба, да се воздигне лажна закана и да се врати албанскиот политички фактор како „заштитник на мирот“.

Тоа е сценарио напишано не во Куманово, туку во Тирана.

Не во Скопје, туку во Брисел.

Не од гласачите , туку од амбасадите.

АЛБАНСКИТЕ ЛИДЕРИ, НЕ СЕ ПОЛИТИЧАРИ, ТУКУ “ПЛЕМЕНСКИ ПОГЛАВИЦИ”

Ниту еден албански министер не осуди насилствата.

Ниту еден пратеник не повика на мир.

Ниту еден функционер не ја одбрани државата.

Зошто?

Затоа,  што тие не се дел од Македонија , тие се дел од проект за нејзиното разградување.

Тие не одговараат пред народот, туку пред командантите.

Тие не ги бранат институциите, туку интересите на Приштина и Тирана.

ГОРДАНА СИЉАНОСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ ШТО ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ!

„Македонија нема алтернатива.

Сите што не ја признаваат, не постојат за нас.“

Со овие зборови, Силјановска-Давкова не држеше говор , таа  не го запали огнот туку на жарот што тлее со векови со зборот што го кажа се јави пламен на огнот,што носи светлина за Македонецот!

Оган што ќе ги разбуди сите спомени, кои , ќе ги воскресне сите гласови,
и ќе ги врати сите вистини што некој сакаше да ги избрише.

ЗАВЕТ ЗА ВЕЧНОСТ, ВО ИМЕ НА СИТЕ ОНИЕ ШТО ПАДНАА ЗА НАС ШТО ДЕНЕС ОПСТОЈУВАМЕ!

Историјата ќе запамети:

Дека имало време кога беше тешко.

Кога државата беше понижена.

Кога амбасадите владееја.

Кога навивачи палеа, а полицијата молчеше.

Но , исто така ќе запамети, дека во тој мрак, една жена стоеше исправено и рече:

„Јас сум Претседателка на Република Македонија.

И оваа држава, нема да се предаде.“

Македонија има глас!

Македонија има претседател!

Македонија има чест!

И има непокор!

Please follow and like us: