Пишува: Слободан ТОМИЌ

Централната теза, која се провлекува низ настаните во последниве денови, е дека повторното појавување на текстот на Арбен Џафери, „Мементо“, не е случајно.
Тоа е оркестриран политички маневар со цел да се пренасочи јавниот дискурс од клучните теми за криминал, корупција и отчетност, кон добро познатото поле на етнички поделби и страв.
Ова е геополитичка драма која ја открива вистинската природа на актерите и нивните скриени агенди.
Внатрешниот мотор: Падот на ДУИ и опасната реторика на Али Ахмети

Врвот на ДУИ, по 22 години на власт, влегува во фаза на политичка ерозија. Падот на рејтингот, многубројните афери и внатрешните фракции ја принудуваат партијата да прибегне кон проверена, но опасна формула: етничка мобилизација.
Али Ахмети, со својата изјава „ќе се случи, народ“, оживува опасна реторика која е директна паралела со онаа на Слободан Милошевиќ во 1988 година, кога со сличен повик се разгоруваше етничката омраза и мобилизација во поранешна Југославија.

Ова е повик за будење на духови од минатото, со цел да се консолидира гласачката база пред изборните предизвици.
Историскиот фалсификт: „Миротворецот“ Ахмети како мит
За да се разбере вистинската улога на Али Ахмети, потребно е да се погледне во историската реалност, а не во ревизионистичките митови што ги создава ДУИ.
Клучни меѓународни актери од тој период јасно ги демаскираат тврдењата за неговата улога како „преговарач“ или „миротворец“.
- Сведоштво од поранешен министер: Џевдет Хајредини, поранешен министер и политички аналитичар, јасно истакнува: „Али Ахмети не бил преговарачки фактор во Охридскиот договор. Тој не бил никој и ништо во преговорите, а неговите обиди да се припише заслуга се апсолутно неосновани.“
- Ставот на Медлин Олбрајт: Во есклузивното интервју дадено лично за мене во 2001 година, поранешниот државен секретар на САД, Мадлин Олбрајт, недвосмислено изјавува: „Не сум слушнала за поддршка од САД кон екстремистите. Поддршката е само за умерените албански лидери кои разбираат дека иднината доаѓа преку политички дискусии и договори.“ Таа јасно ја поддржуваше легитимната влада и умерен лидер како Арбен Џафери, а не радикалните кругови.
- Оценка на НАТО и ЕУ: Уште во периодот на конфликтот. во 2001 и Охридскиот договор, највисоките претставници на меѓународната заедница,исто така во моите две есклузивни интервјуа реализирани со нив за МТВ, го имаа истиот став. Хавиер Солана, висок комесар за надворешна политика на ЕУ, и Џорџ Робертсон, генерален секретар на НАТО, ја оценувале УЧК како терористичка организација, а Али Ахмети не бил преговарач, туку дел од радикалните кругови.
Овие проценки потврдуваат дека појавата на Ахмети како „миротворец“ е ревизионистичка и не одговара на историската реалност.
Умерениот лидер наспроти радикалните сателити

За разлика од денешните политички маневри, Арбен Џафери се покажа како умерен, легитимен албански лидер со кој САД и НАТО можеа да водат преговори за стабилност.
Тој се разликува од денешните „сателити“ и „привезоци“ во албанскиот политички кампус кои се злоупотребуваат за ситни, дневнополитички интереси.
Сценариото што го гледаме денес е продолжение на „шаховската табла“ на Кисинџер и Збигњев Бжежински: прво распад на републиките, а потоа поставување на нови линии на влијание.
САД одлучија Македонија да остане надвор од војната, обезбедувајќи го опстанокот на унитарна и независна држава.
Финалето и денешната слика: Борба за државноста
Повторното појавување на „Мементо“ не е историска анализа, туку политичка алатка за:
- Краткорочна консолидација на гласачката база на ДУИ.
- Деморализација на критичарите и опозицијата.
- Создавање контролирана тензија за оправдување на политичкиот статус-кво.
Ова е директен напад на државноста и стабилноста.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој има јасна цел за вистинска борба против криминалот, корупцијата и предавствата кон Македонија, не заслужува вакви отворени напади врз државноста и стабилноста и изјави од коалициските партнери.
Тој има обврска да ја зачува унитарноста и стабилноста на Република Македонија, а овие провокации се директна закана за таа цел.

Се поставува прашањето зошто на прославата на 24 години од Охридскиот договор не присуствуваше претседателот на државата, Гордана Силјановска Давкова.
Нејзиното отсуство, според новинарските забелешки, е јасен сигнал дека таа избегнува комерцијализирана политика и „топтан дипломатија“ и “салама тактика” ,спонзорирана од некои локални „племенски поглавици“ во регионот.







