Пишува: Слободан Томиќ
Македонија на пресек, историски момент на вистината

Локалните избори во 2025 година не се обична формалност. Тие се вистинска проверка на демократијата, институционалната одговорност и народната волја. Општините се срцето на државата – кој ги раководи, ги обликува улиците, училиштата и секој денар на народот.
Овие избори не се само за градоначалници, тие се одлучувачки за патот на целата држава.
ДУИ и СДСМ, пад на довербата и морална ерозија

ДУИ и СДСМ се на историско дно. Години на корупција, неисполнети ветувања и непрекинати скандали го срушија нивниот кредибилитет.
Народот веќе не им верува. Политичката моќ без доверба е само празна сенка.
Секој нов скандал, секој непочитуван збор, го зголемува отпорот и разочараноста кај граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ, шансата за обнова, ред и правда
Во ваков распаднат систем, ВМРО-ДПМНЕ се издвојува како единствена сила што може да врати ред, одговорност и доверба.
Со чесни, достоинствени и подготвени кандидати, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека локалната власт не е партиска прчија, туку сервис на граѓанинот.
Ова е историска шанса – народот сака ред, правда и вистина, не поделби и приватни интереси.
Независни листи, свежина или ново разочарување?

Независните кандидати можат да донесат енергија и искреност. Но, кога ќе станат стотици, без јасни критериуми и контрола, тие го претвораат гласачкото ливче во алатка на хаосот.
Новите правила на ДИК водат кон тоа гласачкото ливче да биде долго 7, 8, па и 10 метри, со десетици имиња што никој не ги знае.
Во таква ситуација, гласот на народот лесно се губи.
Гласачкото ливче како општински покров на демократијата
Листот за гласање во 2025 година веќе не личи на изборен документ. Тој наликува на развлечен, збунувачки и непрегледен „чаршав“, каде што вистинските кандидати се губат меѓу сенките.
Тоа не е демократија, тоа е замка.
Кога на гласачот му подаваш ливче долго колку чаршаф, му го одземаш правото на јасен избор.
Тоа не е изборен процес, тоа е вештачка магла на хаосот.
Погрешен круг заокружен под стрес е изгубен глас.
Таков систем им служи само на оние што немаат поддршка, па преку конфузија се обидуваат да преживеат.
Корупцијата и правдата, тест за институциите

Обвинителството, судството и Судскиот совет се на последна шанса. Или ќе покажат храброст, или ќе исчезне секоја доверба.
Ако нема казна, нема држава.
Ако нема конфискација на украденото, тогаш криминалот е легализиран. Народот гледа. Институциите не смеат да молчат.
Развлечените ливчиња, симбол на распадот
Гласачко ливче од 8 метри не е демократски избор.
Тоа е симбол на институционален распад. Колку е подолг списокот, толку е помала прегледноста, а толку поголема можноста за манипулација.
Граѓанинот не гласа, туку се мачи да се снајде. Тоа е методичен удар по волјата на народот.
Поверениците, скриена уредба против демократијата

Ако изборите се оспорат или блокираат, владата ќе именува свои „повереници“.
Тоа можеби е правна алатка, но во очите на народот е нелегитимна узурпација. Поставен претставник без мандат од граѓаните е жиг на диктатура прикриена како институционална грижа.
Таквиот потег ќе предизвика бес, револт и дополнителна дестабилизација.
Рокови и одговорност, ДИК под притисок
Државната изборна комисија мора најдоцна до 1 септември да одреди прецизно колку ќе бидат долгите ливчиња и колку советници ќе се избираат.
Секој ден одложување ја загрозува организацијата и фрла сомнеж.
Ако не успеат, владата ќе интервенира, што ќе биде знак за институционален крах.
Клучни прашања за секој граѓанин

- Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати контролата со чесни и способни кандидати?
- Дали независните листи ќе донесат вистинска промена или ќе создадат уште поголем хаос?
- Дали институциите ќе го заштитат легитимитетот на изборите?
- Дали народната волја ќе победи над бирократскиот циркус со „чаршави“ и сомнителни процедури?
Патот до правдата

Локалните избори во 2025 се пресвртница. Гласот мора да биде чист, волјата мора да се почитува, правдата мора да се врати. Не смее да победат хаосот, ниту општинските „чаршави“ што ја покриваат вистината.
Народот е буден, и сега е времето кога секој глас ќе значи отпор, промена и обнова.
Секој глас е крик против неправдата. Секој чесен кандидат е отпор против распадот. Секој граѓанин што ќе излезе да гласа е чувар на иднината.











