Перински: Владата ги поддржува општините кои креираат проекти согласно потребите на граѓаните

Македонија

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, дискутираше министерот за локална самоуправа Златко Перински.

На самиот почеток Перински објасни за работата на Владата и нејзината поддршката кон општините со цел да се мотивираат градоначалниците и општинската администрација за креирање на проекти согласно потребите на граѓаните.

„Оваа Влада даваше средства на сите локални самоуправи на база на проекти коишто ги добивме како инпут од самите локални самоуправи, сакавме да ги мотивираме градоначалниците, да ја мотивираме општинската администрација да креира проекти коишто ќе бидат издржани согласно потребите на граѓаните и врз основа на тоа да испорачаме средства од централниот буџет за истите да се реализираат“, рече Перински.

Please follow and like us: