Сајкоски: Предложи вистинска идеја за твојата општина

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ секогаш го слуша народот. Идеите и предлозите на нашите сограѓани се наша обврска да бидат преточени во проекти во програмите, а потоа и да бидат реализирани од позиција на власт.Во пресрет на локалните избори оваа есен, ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во период на пишување на програми за кандидатите за градоначалници ширум Македонија, со таа цел ангажирани се експерти, професори, истакнати личности од скоро сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство, најави Ѓорѓи Сајковски.

Овие експерти, ќе имаат за задача да ги преточат потребите на граѓаните во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација.Со цел добивање на јасна слика за потребите и предизвиците со кои граѓаните се соочуваат, ВМРО-ДПМНЕ отпочнува 7-дневна теренска кампања за собирање за идеи и предлози за проекти, кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Please follow and like us: