Синоќа на пригодна свеченост беа доделени наградите на маратонците кои пливаа на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон.Согласно пропозициите, водечките во моментот на прекинувањето на трката се и победници на маратонот. Во машка конкуренција тројца пливачи имаа исто време и беа прогласени за победници: Матео Фурлан и Федерико Тамборино од Италија и аргентинецот Матијас Диас Хернандес.Во женска конкуренција водечка во времето на прекинот беше Мајте Ајлен Пука од Аргентина, второпласирана беше нејзината сонародничка Ерика Јенсен, а трета Милица Љубисављевиќ од Србија.Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон оваа година изнесуваше 15 000 евра, , напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Please follow and like us:

