Ексклузивна анализа на најголемиот скандал по Вотергејт и порака која мора да одекне до последниот агол на Македонија
Пишува: Слободан ТОМИЌ

ДОВОЛНО БЕШЕ: ДРЖАВАТА НЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ СО ПОЛУСВЕТОТ ВО СЛУЖБИТЕ

Македонија повторно е фатена во најцрниот кошмар: државата прислушкува свои граѓани , политичари, новинари, бизнисмени. Премиерот Христијан Мицкоски ја отвори темата која предолго лежеше под тепихот на т.н. „државна тајна“. Скандал што потсетува на Вотергејт, но со една клучна разлика:
Во Америка падна претседател.
Во Македонија , нема да се случи ништо, доколку не се пресечат главите на мафијата вгнездена во службите.
ЗАД РЕШЕТКИ, А НЕ ЗАД ЖИЦИ

„Очекувам овие глодари да завршат онаму каде што им е местото , зад решетки!“, грми Мицкоски.
Ова не е само политичка изјава.
Ова е ултиматум до Обвинителството. Доколку Јавното обвинителство продолжи со молкот , тоа ќе значи едно: соучесништво.
А институција што станува соучесник, престанува да биде симбол на правдата , станува дел од криминалниот синџир.
РЕФОРМА БЕЗ РЕФОРМА, СТАРИТЕ ЛИЦА, ИСТИТЕ ЖИЦИ

„Пучот“, „бомбите“ на Заев, падот на УБК, па наводната реформа на АНБ во 2019 година… Сè тоа беше внимателно испланирано сценарио за продолжено владеење преку страв и контрола.
Денес е јасно: реформата била само театар. А зад завесата, истата екипа, со истата алатка: жица во уво, папка на маса.
КОЈ Е ПОД ЖИЦА? ПРЕМИЕР, ОБВИНИТЕЛИ, НОВИНАРИ…

Неофицијалниот список е потресен: сам премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов, Љупчо Златев… и уште многу имиња кои не одат по нотната линија на моќта.
Прашањето е јасно: со кој мандат, за чии интереси, и зошто Обвинителството молчи како да нема ништо?
27 ГОДИНИ ПОД ЖИЦА , НО ЈАС НЕ КЛЕКНУВАМ!

Јас, како новинар со повеќе од четврт век кариера, сум следен, прислушкуван, архивиран. Не затоа што сум криминалец, туку затоа што сум Македонец кој зборува гласно и не клекнува.
Денес ги гледам салонските „жртви“ кои се жалат и добиваат медиумска поддршка.
Но, прашувам: каде беа тие кога вистинските патриоти беа мета на службите?
ЕДНИ СЛУШААТ НАРЕДБИ, ДРУГИ, СОВЕСТ

Во оваа земја нема невини „службеници“ кои само си ја вршеле работата. Или си наредбодавец, или извршител. Ако си знаел, а молчел , си соучесник. Ако си прислушкувал за партија , си предавник на Уставот.
СЕГА ИЛИ НИКОГАШ: КАЗНА ИЛИ РАСПАД

Ако нема обвиненија, ако нема судски епилог Македонија станува држава со лиценцирано прислушкување.
Тоа значи дека утре вашата порака, вашиот разговор, вашиот живот ќе бидат туѓа сопственост.
ПОРАКАТА НА МИЦКОСКИ: ДОСТА БЕШЕ!
„Овие глодари мора да завршат зад решетки.“
Ова не е само реченица , ова е тест за сите обвинители, судии, институции.
Дали конечно ќе станат чувари на правдата, или ќе останат марионети на мафијата во костуми?
ЈАС НЕ ПРИСТАНУВАМ!

Некој ќе рече дека сум „плачко“. Но првпат јавно велам: ДОСТА БЕШЕ!
Јас не барам сочувство , јас барам правда.
Не сум жртва , сум сведок. Сведок на еден болен систем што мора да падне.
Систем на удбашки методи, кои и денес функционираат и метастазираат.
Ќе ве потсетам на мојот разговор со генерал Крацкофф , американски генерал кој ја раководел Ирачко,Кувајтската војна.
Во Вашингтон, 2000 година, ми рече:
„Слободане, вие како народ сте прекрасни. Вашата држава, Република Македонија, ни е од голема важност за безбедноста и стабилноста на Балканот.
Имате огромна геостратешка позиција , запомнете: САД никогаш нема да ви го сврти грбот.
Но, имате и луѓе кои ‘соработуваат’… премногу добро.“
На моето прашање: кои се тие?
Одговорот беше јасен: „Претставници на УДБА , кои и ден денес, преку своите наследници, многу прецизно и професионално ја извршуваат секоја задача.“
Токму тие инсталации денес ја трујат Македонија.
Но, за жал , не во интерес на нашиот стратешки партнер САД, туку во служба на шверцерски политикантски и андерграунд булументи.
Тоа мора итно да се исчисти и да падне!
И ќе падне , ако сите кренеме глас.

ДОЛУ СЛУЖБЕНАТА МАФИЈА!
СЛОБОДА ЗА НОВИНАРИТЕ, ПРАВДА ЗА ГРАЃАНИТЕ!
КРАЈ НА ПОЛУСВЕТОТ , ДОАЃА ВРЕМЕТО НА ОДГОВОРНОСТА!

