Со особена чест и задоволство ве известуваме дека градскиот стадион “Билјанини Извори” е домаќин на подготвителните тренинзи на младинските фудбалски селекции на Македонија и Италија (до 21 година) пред претстојниот квалификациски натпревар кој ќе се игра во Битола, се вели во објавата на ФБ од ЈП Билјанини извори.
Во продолжение на истата се додава:
Одлуката на ФФМ претставува големо признание за условите што ги нудиме и за нашата посветеност во создавање на спортска инфраструктура по европски стандарди.
Веруваме дека овие подготовки ќе придонесат за уште подобра соработка помеѓу јавното претпријатие и ФФМ, а на младите фудбалери од двете репрезентации ќе им овозможат врвни услови за подготовка.
ЈП “Билјанини Извори” и посакува на младата фудбалска селекција многу успех на натпреварот со соодветната селекција на Италија и на сите претстојни квалификациски натпревари. ⚽👍⚽👍⚽👍
Честит празник 🇲🇰 🇲🇰 🇲🇰

