Пишува: Слободан Томиќ

ШТО Е „САЛАМА-ТАКТИКА“?
„Салама-тактика“ е стратегија каде не се сече целата држава одеднаш, туку парче по парче, сè додека не остане ништо.
Токму оваа стратегија беше применета врз Македонија со договорот од Преспа, па продолжи со францускиот предлог, бугарските уцени, и сега, со идејата Бугарите да влезат во Уставот.
ХОЛАНДСКАТА ТРОЈКА, БИОХЕМИЈАТА НА ПРЕДАВСТВОТО
Никола Димитров, Бојан Маричиќ и Радмила Шекеринска, т.н. „холандска тројка“, беа лабораториски подготвени кадри на Сорос и западните центри, особено Холандија, Германија и Американскиот Стејт департмент.
Тие имаа мисија: да го скршат отпорот кај интелигенцијата; да ја замолчат академската фела; и да го убедат народот дека „без ЕУ нема живот“.
НИКОЛА ДИМИТРОВ, ОД ПАТРИОТ ДО СИСТЕМСКИ УРИВАЧ

Димитров прво тврдеше дека нема да се менува Уставот, дека нема да се губи идентитетот и дека Преспанскиот договор е „брод кон Европа“.
Денес истиот тој човек молчи за бугарските барања, а зад завесата лобира тие да се прифатат, со образложение дека „Европа го бара тоа“.
Истата Европа која ни вети дека Преспанскиот е крај на условувањата, денес ни бара нови уставни измени.
Како? Преку старата тактика: „уште само едно парче од саламата…“
ЗОШТО БУГАРИТЕ НЕ СМЕАТ ДА ВЛЕЗАТ ВО УСТАВОТ?

Бугарите се веќе признаени како малцинство, таму каде што навистина живеат (во Бугарија).
Во Македонија нема реална, историска и етничка основа за колективни права за Бугарите.
Со вметнувањето во Уставот, тие добиваат политичка моќ и барања за двонационална држава, како што тоа го прават албанските политичари.
Поентата не е права за Бугарите, туку негирање на Македонците.
ШТО ЗНАЧИ УСТАВНА ПРОМЕНА?
Прв чекор кон федерализација.
Отворање на двојна уставна рамка , една за Македонци, друга за „заедници“.
Идентичен статус на Бугарите како на Албанците, иако немаат исти историски, демографски или културни права.
Легализирање на бугарската историографија и бришење на македонскиот континуитет.
ШТО ВЕЛИ НАРОДОТ?

Народот одамна ја сфати играта.
Во анкетите над 70% од граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот.
Сега тоа станува прашање на опстанок, или капитулација, или обновување на државноста.
ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ 2018
Како што не смееше да се потпише Преспанскиот без референдум, така нема легитимитет ниту за уставна промена без народна волја.
Македонија не е ничија приватна држава.
Политичарите кои тоа ќе го направат ќе бидат запаметени како предавници.
КОЈ КОГО ЗАМАЈУВА И КОЈ ЗА КОГО ОДРАБОТУВА?
Во последниот чин од оваа геополитичка фарса, Европската Унија „ветува“ гаранции.
Да бидеме јасни: ова не е гаранција, ова е камуфлирана уцена.
Згора на тоа, ако важи Рамковниот договор за една етничка заедница , Албанците – тогаш Бугарите веднаш ќе побараат исто.
Тоа значи: ќе побараат своја партија, свои општини, свои квоти, свои симболи , и еве ти нов договор, еве ти двонационална држава.
ПРЕСПАНСКИОТ И БУГАРСКИОТ ДОКУМЕНТ, НАРОДОТ ОБЕЗГЛАВЕН И БЕЗЛИЧЕН

Домашните политички елити се наградуваат за предавство, а народот останува без сила и без глас.
ИСТИТЕ СЦЕНАРИСТИ, САМО ДРУГИ АКТЕРИ
Едни ќе играат „радикали“, други „умерени“, а третите „технократи“.
Но сите се дел од истото сценарио: да се испорача уставна промена како „цената за Европа“.
ВИСТИНАТА Е ЈАСНА
Македонија не добива гаранции, туку нова замка. Бугарија не отстапува, туку чека нова шанса.
ФИНАЛЕ: НИ Е ВЕЌЕ ДОВОЛНО!
Доста ни е од салама-тактики. Доста ни е од тројански коњи со европски маски. Доста ни е од лажни патриоти кои го продаваат народот за мандат плус.
Македонија мора да каже:
НЕ НА НОВИ ОСТАПКИ!
НЕ НА УСТАВНИ ПРОМЕНИ!
НЕ НА БУГАРСКИ УЦЕНИ!
Ако Европа е чесна, нека даде напредок без услови. Ако не , ќе ја чекаме од своја позиција











