Ангелов: Пожарот во Трубарево е подметнат, ние сме мета на хибриден напад

Македонија Регион

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, го нарече тежок пожарот што избувна во фирмата „Ф-Групација“ што се занимава со електорнски отпад, објави
360 степени .

Англов рече дека фирмата има два погони на местото каде што избил пожарот во скопско Трубарево што биле зафатени од огнот и дека на самото место имало поголема количина пластика поради што се создал густ и црн час за кој рече оти верува и дека е токсичен.

„Наша првенствена цел е да не дозволиме понатамошно ширење на пожарот. Од тие причини, сите ресурси што ги имавме на располагање во Градот Скопје итно ги насочивме кон овој голем пожар. Овде на лице место се наоѓаат наголемиот дел од противпожарните возила на скопската Противпожарна бригада. Исто така тука се наоѓаат и три Бе-Те-Ер возила и еден ‘Хермелин’, а цело време дејствуваат еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и еден ‘Ер-Трактор’ на ДЗС“, вели Ангелов.

извр: 360 степени

Please follow and like us: