Утре, промоција на стихозбирката „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески

Охрид

Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори, утре – четврток од 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана новата стихозбирка „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески. Издавач е Агенцијата за иселеништво.

Трајчески е роден во село Издеглавје во 1952 година а од 1977 година живее во Квинбијан – Австралија. Зад себе има шест стихозбирки. Во 2017 година стихозбирката „Одминато време“ му ја донесе наградата„Стојан Христов“ за најдобра книга од поет иселеник со македонско потекло што ја доделува Агенцијата за иселеништво а во рамките на Струшките вечери на поезијата. Најновата поетска збирка е спој на зрелоста во годините, но и умеењето со стиховите на авторот Трајчески.

Промотори ќе бидат: Милчо Јованоски, Мирко Томовскии Билјана Петрова, а свое обраќање ќе има и авторот.

На настанот се очекува да присуствуваат и претставницина Агенцијата за иселеништво предводени од директор на агенцијата Горан Ангелов.

НУ Библиотека

Please follow and like us: