Пишува: Слободан ТОМИЌ

ЕРАЗМУС+ – ОД МОЖНОСТ ДО ИНДУСТРИЈА НА ИЗМАМА

„Erasmus+“ ветуваше интеграција, перспективи и врата кон Европа за младите.
Но, во Македонија, наместо иновации и нови идеи, добивме класична политичка пирамида на измама.
Програмата се претвори во крава за молзење на партиските мафијаши, каде што вистинските проекти беа задушувани, а милионите евра завршуваа во приватни џебови.
Додека магарињата рикаа, европската администрација свесно гледаше во друг правец.
ЛИДИЈА ДИМОВА, ПИОНЕР НА ЕУ-ПЕРВЕРЗИЈАТА
Случајот Лидија Димова е само врв на пирамидата.
Осудена на две години затвор, обврзана да врати 22 милиони денари, но спасена од најтешките обвиненија.
Зошто?
Затоа што обвинителството се појави како партнер, а не како обвинител. Системот ја амнестираше главната измама за да се заштитат оние што стојат зад неа.
„Кога ситните риби одат во затвор, големите ајкули продолжуваат да пливаат во европските фондови.“
КАКО СЕ КРАДЕШЕ СО „ЕРАЗМУС+“, ПАТЕКИ НА ПАРИТЕ

- Ангажирање без конкурс – соработници од партиските списоци добиваа милиони без јавна проверка.
- Договори без законска основа , европските пари се делеа како плен во мафијашки кругови.
- Клиентелистичка мрежа , цела генерација партиски експерти и советници ја претворија програмата во банкомат за лична корист.
Вистинските идеи беа понижувани, а вистинските млади беа игнорирани. Се наградуваа магарињата што рикаа по партиска директива.
КОГА ЕУ-ПАРИ РАЃААТ УБИСТВО, ВЕЛЕШКАТА ТРАГЕДИЈА
Во Велес, преку финансирање на проекти со урбана шминка, беа поддржани лица кои денес стануваат убијци.
Наместо поддршка за вистински вредности, се фрлаа европски пари во празни концепти за „урбана култура“, кои продуцираа насилници, а не граѓани.
Ова не е само трагедија, ова е директна крвна дамка врз лицето на европската наивност.
ВО ЧИИ ЏЕБОВИ ЗАВРШИ ЕВРОПСКАТА НАИВНОСТ?
- Кај луѓе блиски до СДСМ и ДУИ.
- Кај фантомски невладини организации без ниеден реален проект.
- Кај фирми основани за перење пари и шминкање на криминал.
„Ова е македонската формула: европска наивност + домашна алчност = мафија со европски пасош.“
СДСМ, ЗАЕВ И ДУИ , ОД „ЕВРОПСКИ РЕФОРМАТОРИ“ ДО КРИМИНАЛНА ЕЛИТА
Зоран Заев, Али Ахмети и нивната камарила не беа интегратори, туку гробари на интеграцијата.
Лидија Димова е само нивен чиновник, вистинските архитекти на измамата седеа во Владата.
Сите паднаа во медот на европските пари, сите се дел од истата криминална пирамида.
„Седум години Европа беше нивен банкомат. Македонија беше нивна каса. Народот , нивна жртва.“
ЕВРОПА, ДОСТА СО СЛЕПОСТА!
Ако Европската Унија и натаму го штити овој мафијашки систем, таа директно учествува во убиството на довербата на македонскиот народ.
Европа нема право да биде адвокат на криминалците, а потоа да се чуди зошто народот ја отфрла идејата за интеграции.
„Секоја поддршка дадена на магарињата, се враќа како камен фрлен врз народот.“
ПАТОТ КОН ЕУ Е ЗАТВОРЕН ЗА БАНДИТИ

Нема ЕУ за држава предводена од криминални политиканти, европски шминкери и дипломирани крадци.
Нема Европа за оние што во името на младите финансираа убијци.
Македонија ќе чекори кон Европа само ако се исчисти од оваа елита.
ФИНАЛЕ :
Додека магарињата рикаа, ЕУ гледаше накај друго место.
Но, народот сега зборува. Бара правда, бара одговорност и бара крај на европската наивност. Секој украден евроцент мора да се врати.
Секој што злоупотребил доверба мора да одговара.
Ова не е повик, ова е ултиматум.
„Доста беше! Македонија нема да биде храна за магариња. Време е за правда, транспарентност и историска одговорност.










