На 21.09.2025 во 02 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, 20-годишниот лице од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник (20) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки, утврдено е дека двајцата биле под дејство на алкохол, кај лицето се утврдени 1,05 промили, а кај (20) 1,19 промили алкохол во крвта. Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.
Please follow and like us:

