Колумна на Слободан ТОМИЌ – Со кои очи Европа ќе нè погледне и ќе нè види?

Македонија Свет

Украина и Молдавија експресно во ЕУ, Македонија дваесет години понижувана

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Европа со едни очи кон Украина и Молдавија

Украина и Молдавија, и покрај војни, корупција и нефункционални институции, ја добија европската милост.

За нив важеше геополитичкиот аршин: „ви даваме шанса, ви нудиме перспектива“. 

Никој таму не им наложи да го избришат својот јазик или да ја уништат својата историја.
Таму вредностите се увидеа како сила, не како предмет за продажба.

Европа со други очи кон Македонија

Македонија беше ставена на колена од своите.

 Државата ја предадоа луѓе кои денес зборуваат за „европско придвижување“, а зад грб продаваа идентитет.

Зоран Заев, насадениот и лажниот „спасител“, со доверен мандат за капитулација.

Димитар Ковачевски, наследник на коленичењето, политичар што ја нормализираше понижувачката логика.

Никола Димитров, гласникот на Преспа, кој го изневери народот и ја препушти иднината на туѓи интереси.

Радмила Шекеринска, со ракописот на компромисот, една од архитектите на безусловната капитулација.

Бојан Марушиќ, трговец со историја, манипулираше со спомени и факти.

Венко Филипче, човек што носи одговорност за десетици живоизгорени пациенти и за системски пропусти во здравството, гласноговорник и продавач на „декларации“ што ги бришат црвените линии; човек што легализира новите ултиматуми и учествуваше во скандалозни манипулации со вакцини, каде Заев и неговата влада ги користеа за провизии и лична корист.

Бујар Османи, дипломат кој ја застапува туѓата агенда, а не интересите на македонската држава.

Али Ахмети и неговата дружина, за 20 години владеење, не обезбедија очекувана поддршка за Албанците, туку создаваа фамилијарни бизниси, акумулираа милионски суми пари и капитал, поткопувајќи ја вистинската државност и интересите на народот. 

Молкот на ова партнерство чинеше држава и ја разлабави кичмата на целиот народ.

Украина + Молдавија = експресна привилегија; Македонија = постојан изговор

Двете држави беа третирани како геополитички приоритети, и затоа добија експресен пат.
Нашата држава, иако долго време пример на стабилност на Балканот, беше трета категоризирана: како проблем, како заложник на туѓи интереси и на домашни предавници.

Двојниот аршин на лицемерието е толку јасен што ги отсликува сите нерамноправности.

Двојниот аршин: што им се простува, а што ни се бара нас?

На Украина и Молдавија им се „простува“ нефункционирање на судството, проблеми со медиумите и системска корупција.

Од друга страна,нам ни се бараше да го промениме името, да го менуваме Уставот, да прифатиме туѓи интерпретации на историјата и да молчиме.

За нив, морков за поддршка. 

За нас, камшик за понижување.

Македонскиот јазик, последната тврдина што ја нападнаа

Ги натераа нашите политиканти  да тргуваат и со јазикот.

Да прифаќаат „службени формулации“, да дозволат туѓи комисии да диктираат учебници.

Се игнорираше нашиот јазик семе кој го потврдува нашето македонско  постоење. 

Јазикот не е техничко прашање, тој е душа, а душата не се продава на аукција.

Домашните шверцери: имињата што мора да се запишат со молив во историјата

Не е доволно да зборуваме за генерални „предавници“.
Треба да ги именуваме.
Да ги ставиме на виделина, да не се вратат во сенка за да продолжат со нови изјави.

Заев, Ковачевски, Димитров, Шекеринска,Димитров,Марушиќ, Филипче, Бујар Османи, Али Ахмети и неговата дружина , тие не се само поединци; тие се институционализирани механизми на понижување.

Историјата ќе ги памети, а народот нема да ги заборави.

Мицкоски: симбол на отпорот и исправеноста

Во времето на распродажба, потребен е глас што нема да молчи. 

Христијан Мицкоски стои како контрапункт: лидер кој не попушта пред капитулации, кој го брани јазикот и идентитетот.

Тој е симболот на отпорот, не затоа што е безгрешен, туку затоа што ги поставува границите кои другите ги избришаа.

Европа пред тестот на правдата

Брисел и другите центри на моќ ја имаат можноста да покажат дали европската идеја е вредносна или само прагматична политика.

Ако Унијата значи правда, треба да се однесува праведно кон Македонија.

Ако е само геополитички механизам, тогаш не заслужува да ни држи лекции за вредности.

Со кои очи Европа ќе нè погледне и ќе нè види?

Погледот на Европа е огледало на нејзината совест.

Дали ќе го признае нашето право на јазик, историја и достоинство, или ќе продолжи да ја наградува политичката конзистентност само кај оние што ѝ се корисни?

Одговорот е нивен, но и нашето дело е јасно: нема повеќе молк, нема повеќе предавства.

Ние ќе зборуваме со гласот на историски и политички аргументи, и со отпор.

Финале: 

Или ќе ја вратиме државата, или ќе нè нема во својата историја!

Македонија е на точка на вриењеп.
Ние сме единствената држава што го плати со име и историја и повторно остана надвор.

Времето на понижувањето помина.

Ние бараме правда, и нема да се повлечеме додека не ја добиеме. 

Европа ќе мора да одговори: со кои очи ќе нè погледне и ќе нè види?

Please follow and like us: