Пишува: Слободан Томиќ
Европа под знакот на вета, Орбан, Макрон и Бугарија на иста маса
Европската Унија повторно се соочува со внатрешни потреси.
Најновата анализа на бриселски Politico покажува дека во обидите да се деблокира европската перспектива на Украина, се создаваат парадоксални сојузи. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, најблискиот пријател на Владимир Путин во ЕУ, го користи правото на вето за да ја држи во заложништво украинската интеграција.
Но,она што е најалармантно за Македонија е дека во оваа игра му се придружуваат и други актери , меѓу нив и Бугарија, која не се откажува од својата опсесија да ја држи Македонија врзана во синџири на уцени.
Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, во оваа приказна не е случаен учесник.
Неговото упорно инсистирање на „консензуално одлучување“ во суштина ја бетонира позицијата на малцинските блокатори.
Европа, која проповедува солидарност и демократија, во реалноста се претвора во клупа за геополитички пазарења.
Македонија, трајна мета на бугарските блокади
Политичката порта „Politico“ јасно го именува случајот: Софија е спремна да го поддржи Орбан, само за да го зачува своето вето врз Македонија.
Дури и кога станува збор за Украина, за нив Македонија е клучната цел. Таа е симболот врз кој ја тестираат моќта на ЕУ ако може да се уценува најмалата земја, тогаш може да се уценува секоја земја.
Оваа логика е опасна и за Унијата и за регионот.
Европа со години дозволуваше Бугарија да си игра улога на блокатор, без да ја повика на одговорност.
Денес, резултатот е очигледен , Македонија е жртва, а ЕУ лицемерно проповеда европски вредности.
Двојните стандарди, кога ЕУ е тивок соучесник
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, директно го кажа она што сите го гледаат: ЕУ применува двојни стандарди. Македонија е турната на страна, блокирана со години од Бугарија, додека Брисел лицемерно се обидува да глуми арбитер и да воведува нови механизми за други кандидати.
Кога станува збор за Украина, се бараат нови решенија за да се надмине ветото на Орбан.
Кога станува збор за Македонија , тишина.
Кога Софија го гази македонскиот јазик и историја, тоа во Брисел се третира како „билатерално прашање“.
Но, кога станува збор за некоја друга држава, веднаш се активираат механизми на притисок.
Тоа е суштината на европското лицемерие.
Мицкоски како отпор, СДСМ и Ахмети како продолжена рака на понижувањето

Во вакви историски мигови, Македонија има потреба од јасна визија и непоколеблив отпор. Токму тоа денес го нуди Христијан Мицкоски , лидер кој отворено кажува дека нема компромиси со идентитетот, со јазикот и со достоинството на народот.
Спротивно на тоа, СДСМ и нивните сателити се заглавени во празна реторика.

Венко Филипче зборува со излитени флоскули за „европски пат“, без ниеден реален механизам за отпор. Али Ахмети пак, со години живее од политика на уцени и калкулации, додека ја продава Македонија на маса како монета за поткусурување.
Оваа опозиција е без идеја, без визија и без морален капитал. Нивните „воинствени“ реторики се само празен чад , додека Мицкоски и тимот на ВМРО-ДПМНЕ носат реални решенија, инфраструктурни проекти и економски програми кои ќе ја извлечат Македонија од калта.
Европа или Европа со двојни стандарди?

Ако Европа продолжи да се движи по логиката на вета, таа ќе се претвори во империја на блокади.
Хрватска сака да го контролира Белград, Грција и Кипар ја блокираат Турција, Франција ја стопира Турција од безбедносни причини, а Бугарија ја блокира Македонија , само затоа што постоиме како Македонци.
Тогаш каде е Европа на вредностите?
Каде е Европа на еднаквите шанси? Или можеби вистината е поинаква: Европа се плаши од сопственото лицемерие, па затоа ја користи Македонија како полигон за сопствени компромиси.
Македонија не е жртвено јагне
Пораката мора да биде јасна Македонија нема да биде жртвено јагне. Македонија нема да биде предмет на бугарски комплекси, ниту на европски двојни стандарди.
И токму затоа е потребно обединување околу јасната визија што ја носи Христијан Мицкоски.
Европа мора да знае дека овој народ ќе чека, но нема да се откаже.
Дека ќе гради автопати, ќе инвестира во енергетика, ќе создава социјални политики , но нема да прифати да биде избришан.
Резиме, Европа, време е за одговор
ЕУ денес е пред избор: или ќе стане вистинска Унија на вредности, или ќе остане сојуз на вета и блокади.
Македонија нема што повеќе да докажува , ние сме народ со историја, јазик и идентитет.
Европа треба да одговори: дали ќе продолжи да го одобрува, бугарското уценување или конечно ќе покаже дека е Унија што верува во сопствените принципи.
Доволно е!
Македонија не бара милостина. Македонија бара достоинство. И со Мицкоски и новото политичко раководство, таа порака е појасна од било кога.









