Колумна на Слободан Томиќ – На хируршката маса на народот: Венко Филипче, касап на здравството, марионета на Заев, колатерална штета на СДСМ

Македонија

Пишува: Слободан Томиќ

Слободан Томиќ

 Од неврохирург до политички експеримент

Венко Филипче беше врвен неврохирург, но кога влезе во политиката , самиот си го исклучи мозокот. 

Од лекар што оперира мозоци, стана пациент на Заевовиот политички систем, извршувајќи наредби кои ја распарчуваат државата и ја погазуваат Македонија и македонскиот идентитет.

Не станува збор за грешка. Се работи за политичка алатка во рацете на човекот што ќе остане запишан во историјата како најголемиот предавник на Македонија , Зоран Заев, а Филипче ќе остане само колатерална штета на неговата сенка.

Одлуки со далечински управувач: „Remote control“ политиката

Филипче не раководеше , извршуваше.
Дали од Муртино, дали од Дубаи, командите стигаа, а Венко ги спроведуваше без трепнување.
Клинички центар? Срушија сè.
Здравство? Тендерско игралиште.
Народот? Заморец во лабораторијата на нивните експерименти.

Преспа, Бугарија, Ахмети: Тројниот удар врз Македонија

Заев во 2017 се гушкаше со Бојко Борисов, а во 2018 со Алексис Ципрас. Потпиша договори со кои се обезличи Македонија и се распродаде идентитетот. 

И наместо Венко да крене глас, ја зари главата во песок, среќен што добива слика на билборди .

На прославата за Преспанскиот договор во Атина, Ципрас му врза вистинска „педагошка шлаканица“ на Заев: му рече дека, ако почекале уште малку, Европската унија и меѓународната заедница самите ќе ја признаеле Македонија под нејзиното уставно име. Вистинска ,,педагошка,, за самонаречениот „црпнат од нивата“ кој, во својата еуфорија, дури сакаше и да се посвати со Ципрас , за бајката да заврши со „happy end“.

Венко, тивок извршител на гнасна операција

За време на пандемијата, Филипче не беше лекар на народот, туку државен логистичар на тендери.
Модуларната болница во Тетово изгоре, 14 животи изгубени , и никој не одговара.

Како што кажуваше критичарот Ефтим, Клетников, преку еден потпис, се направи идентитетски геноцид.

Последици по СДСМ, од икона до катастрофа

Бранко Црвенковски , „Папата“ на СДСМ, се повлече и се срами.
Заев, аболицираниот, најави „ќе јадеме живи луѓе“ , и тоа се случи, со медиумски, економски и идентитетски терор врз сопствениот народ.

Венко? Молчи. И денес. Како да нема ништо да каже.

Али Ахмети – од „Орел“ до паднат командант

Али Ахмети  ги нарече своите најблиски соборци, командантите од ОНА и старите соработници во ДУИ, „кучиња“. Тоа беше јасен знак дека дури и во неговиот двор владее презир и пукнатини.
Но Христијан Мицкоски му одговори достоинствено и со иронија: „Не си орел, туку обично врапче“.
Албанската политичка сцена го прочита тоа , и Изет Меџити веќе го избриша Ахмети од политичката мапа. Неговото време поминува, а сенката на криминалот што ја создаде ја гуши секоја можност за нов почеток.

Единствениот што се спротивстави: Оливер Спасовски

Се спротивстави на одлуката за отворање на бугарските клубови во Битола и Охрид.
Платил со следење и прислушување , тоа е „награда“ во ерата на Заев и Филипче.
Оливер Спасовски покажа дека уште постојат лојални луѓе во СДСМ кои не се продадоа за функции и тендери.

Единствениот кој денес може да го спречи потонувањето на бродот наречен СДСМ  или како што ја нарекуваат „бараката од Бихаќка“.

Финалето на една трагедија: „Свилен гајтан“ за Венко?

СДСМ со Венко Филипче е на најнискиот рејтинг од постоењето.
По октомвриските локални избори 2025, падот ќе биде запечатен.
Сѐ повеќе гласови внатре во партијата велат: „Свилен гајтан“ за Венко , и нов почеток со Спасовски.

Резиме: Време е за нова ера, без марионети

Филипче и Заев ќе останат симболи на пораз, предавство и пад. 

Историјата ќе ги фрли на депонијата на македонскиот срам, веднаш до другите што ја тргуваа државата.

Но, доколку СДСМ има намера да се спаси , тогаш мора да најде вистински, искрени, државнички ликови, каков што е Оливер Спасовски.

Бродот тоне. Но секогаш има барем еден што не скокнал…
…и можеби само тој може да ја подигне партијата од калта.

Please follow and like us: