СВР Охрид уапси грчки државјанин за препродажба на марихуана во Охрид

Охрид Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Д.(31) од Република Грција, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. По преземени мерки било утврдено дека тој набавувал и препродавал марихуана на зависници од Охрид, а бил затекнат од полициски службеници при достава, по што бил лишен од слобода.

Please follow and like us: