Раскинати над 45 концесии во рударството поради непочитување на законите и еколошките мерки

Македонија

Над 45 концесии се раскинати од кои 34 еднострано, а за 11 договорите се истечени и не се продолжени, информира министерката за енергетика Сања Божиновска.

На брифингот со новинарите, Божиновска рече дека причините за ова се непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел.

-Од јануари до 1 октомври годинава се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори, потенцира Божиновска и најави многу построги критериуми во однос на издавањето и контролата на концесиите.

Според министерката, сите концесии ќе бидат јавно објавени.

Министерство за енергетика поднесе и Иницијатива за заштита на македонскиот рубин. Целта е рубинот да добие официјален статус како национално минерално наследство и правна заштита на потеклото, вели министерката Божиновска. 

Please follow and like us:
Tagged