Серијал: „Македонија, дом со многу одаи“
Автор: Слободан ТОМИЌ
Одаја на темнината и предавствата: двоецот Заев – Филипче и падот на еден сон за Македонија
„Audaces fortuna iuvat“ – На храбрите им се насмевнува судбината. Но денес, храброста на СДСМ се претвори во подаништво, а судбината им се насмевнува со сарказам и иронија.
Фикус-лидерот кој глуми стратег

Истиот оној што некогаш беше медицински експерт и советник во владата на Никола Тодоров, Венко Филипче, денес стои како политичка сенка, марионета на Зоран Заев.
Лидер?
Не, само насаден фикус во дворот на СДСМ.
И неговите потези низ Брисел и во домашната политика се јасна илустрација за тоа што значи подаништво, лицемерие и предавство.
Квизлиншката мисија во Брисел
Венко Филипче замина во Брисел и ја презентираше Резолуцијата за црвени линии, вториот погубен бугарски диктат, како лична мисија во име на Заев и СДСМ.
Наместо да ги брани интересите на Македонија, тој ги легитимираше странските притисоци, превртувајќи ја изјавата на Урсула фон дер Лајен „работата е во вашиот двор“ во алиби за сопственото подаништво.
Ова не е дипломатија, ова е предавничка фарса, сценарио напишано од странски центри и изведено од оние што се сметаат за „високи функционери“.
Пораз на локалните избори и бегство пред правдата
Венко знае дека на овие локални избори ќе биде санкциониран.
Падот е неизбежен, па се надева дека со „златни визи“ ќе го избегне соочувањето со одговорноста.
Но судбината не се купува, таа се заслужува со дела и достоинство.
Пораката до Бранко Црвенковски: тежина и историска перспектива
Филипче се дрзна да испрати порака до Бранко Црвенковски:
„Или си СДСМ или не си.“
Да се праќа порака на човек кој е долго време повлечен од политичкиот живот, кој беше долгогодишен претседател на СДСМ и на Македонија, и кој имаше можност да го смени името на државата, а не го сторил, е потсмев на јавната логика.
Фотографијата со Црвенковски и актуелниот градоначалник на Охрид Доктор Пецаков е легитимна и нормална средба, бидејќи Пецаков има право и обврска да оствари средби со сите, вклучително и со поранешни претседатели на државата.
Спорното е на Филипче кој од ова сака да создаде приказна или алиби, обидувајќи се да ја претстави нормалната средба како политички настан.
Предавството и подаништвото: Заев и Филипче

Кога се зема во предвид дека оваа мисија во Брисел е резултат на поданичките активности на Филипче, а Заев како партиски лидер го покрива, се создава сценарио на колективно предавство.
Од името на државата, преку јазикот, до европските институции, ништо не останува непокорено за овој двоец.
Фикус-лидерот ја презентира резолуцијата за црвени линии како големо дело, додека народот гледа како се брише македонската сувереност со насмевка и политичка манипулација.
Сатира: Фикусот и неговата фарса

Замислете: во центарот на партиската сала стои фикус , величествен само во саксија.
Кога доаѓа посетител, фикусот мрднува листови, се прави дека носи план за нацијата, но под неговите корени се крие само подаништво, користени лични интереси и надворешни директиви.
Тоа е Венко Филипче во политичка реалност.
Резиме: бродот тоне
Титаникот на СДСМ со Заев и Филипче како капетани на подаништвото тоне.
Но ова не е само партиска драма, туку национална лекција: секој што се обидува да ја омаловажи историјата, суверенитетот и тежината на личности како Бранко Црвенковски, и кој и да е особено премиер кој не потклекна ниту на Преспа,биту на Бугарскиот диктат,а тоа е Христијан Мицкоски, ќе биде оценет и санкциониран од судот на народот!
19 октомври 2025 е денот кога се одлучува: дали ќе дозволиме подаништво и предавство да владеат, или Македонија ќе стане дом со многу одаи, каде секој што ја брани државата има место.





