СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец за неовластено производство и промет на наркотични дроги

Охрид Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (66) од Охрид поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба,полициските службеници пронајдоа и одзедоа темнокафеава течност со волумен од 950 милилитри во која е утврдено присуство на тетрахидроканабинол, психоактивна компонента што ја содржи растението канабис.

Please follow and like us: