Изминативе 15 месеци работевме напорно. Знам дека има такви кои ќе речат дека можело повеќе, но и такви кои ќе кажат дека резултатите треба да дојдат побрзо и да не се чека многу. Но сите вие треба да знаете дека затекнавме катастрофално лоши состојби, од кои може слободно да се каже дека почнавме од темелите на државата. И работам секој ден и секој час за да ја извадиме државата на вистинскиот пат. И не сум човек што избрзува, ниту пак брзо лета во облаците, туку ви велам — ова што сега го правиме, создаваме основа за нешто што ќе се гради десетина години. Промена на системот и состојбата на умот, една револуција на мислата и излегување надвор од она буре барут во кое нè потопува истото мочуруште – рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечера, на завршниот митинг во Охрид, пред локалните избори закажани за недела.
Мицкоски: Пред договор со огромна канадско-американска компанија за нова инвестиција од 150 милиони долари и за нови 1000 вработувања
Please follow and like us:

