Јавно обвинителство: Полицијата во Охрид сопре возило во кое пронајде 30 банкноти од по 2.000 денари и наводен список за делење поткуп

Охрид

Основното јавно обвинителство од Охрид постапило по настан случен во Охрид, при што едно возило било сопрено по оперативни сознанија на полицијата, дека во истото има лица кои вршат кривично дело поткуп при гласање, информираа вечерва од Јавното обвинителство на Република Македонија.

– Возило беше запрено, легитимирани се три лица, а во автомобилот биле пронајдени 30 банкноти од по 2.000 денари и наводен список на лица кон кои требало да се даваат тие пари, информираше Џељаљ Бајрами, претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по евентуални кривични дела поврзани со изборите.

Додаде дека биле дадени насоки од Основниот јавен обвинител и се постапува по истите, и во зависност од собраните докази ќе се продолжи постапката.

Please follow and like us: