Пишува: Слободан Томиќ

„Оние кои забораваат дека државата е света должност, набргу ќе ја продадат како трговска стока.“ — Цицерон

СДСМ повеќе не е партија. Тоа е политички остаток, распаднат симбол на една идеологија што ја издаде сопствената нација.
Она што некогаш беше движење на работникот, на студентот, на интелектуалецот и на обичниот човек , денес е гола обвивка зад која стојат донаторски фондови, дипломатски диктати и мрежи на интереси.
СДСМ не изгуби само избори.
СДСМ го загуби карактерот, народот и чувството за државност.
ОД „СОЦИЈАЛНА“ ПАРТИЈА ДО КОРПОРАТИВЕН СЛУГА
Под Зоран Заев и со неговиот најверен клон , Венко Филипче, оваа партија ја доврши својата мутација.
Од идеја за правда, се претвори во инструмент за туѓи агенди.
Денес прашањето не е: Што нуди СДСМ? Туку: На кого му служи СДСМ? И уште потесно:
За кого работи Венко Филипче?
За Македонија? Или за оној кој ја скрши и понижи државата со Преспанскиот договор и ја претвори во експериментален протекторат?
Не постои друга вистина:
Филипче е политички штит околу грбот на Заев.
Негова мисија е да спречи вистински пад, вистинска истрага и вистинска одговорност.
СТРАВОТ ОД ПРАВДА Е ПОГОЛЕМ ОД СТРАВОТ ОД ПОРАЗ
Денес најголемата паника во СДСМ не е изборниот дебакл , туку ветениот правосуден ресет.
Христијан Мицкоски јавно најави целосно чистење во судството и обвинителството.
Тоа значи крај за клиентелистичките судии и обвинители што со години му служеа на тандемот Заев–Ахмети.
Филипче не се плаши од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче се плаши од досиејата.
Се плаши од денот кога нема да има кој да го штити.
ЛОКАЛНА ХАВАРИЈА, НАЦИОНАЛЕН ПОРАЗ
По овие локални избори, СДСМ хистерично се фаќа за три сиромашни општини како „успех“. Но вистината е проста: ова е историски пораз.
По дваесет години падна Струмица , бастионот на Заеви.
И ударот не дојде од ВМРО-ДПМНЕ, ударот дојде од внатре.
Нивни сопствен член, поранешниот градоначалник Костадинов, рече:
„Поголем пораз од ова нема. Секој што носел одлуки треба да си замине.“
Тоа не е критика.
Тоа е дијагноза.
Партии умираат од надвор , но се распаѓаат одвнатре.
СДСМ И СОРОСОИДИТЕ
СДСМ, под влијание на истите соросоидни структури кои ја започнаа и ја одржуваа политичката катастрофа, денес стои распарчан, заробен во сопствената вина и неспособен да воскресне.
Тие ја започнаа и тие ќе завршат со СДСМ, како клон на туѓи интереси, далеку од народот и од Македонија.
НАРОДОТ НЕ Е ПРОТИВ ЕВРОПА, ТУКУ ПРОТИВ ПОНИЖУВАЊЕ

Додека светот се враќа кон суверенитет и традиција, СДСМ остана заробен во празни глобалистички фрази.
Македонецот не бега од Европа. Македонецот бега од вазалство под маска на европеизација.
И затоа народот не гласа за нив , не од апатија, туку од одбрана на сопственото достоинство.
ОСТАВКА ИЛИ РАСИТНУВАЊЕ
Вистината е сурова:
СДСМ нема да воскресне со Венко Филипче.
Ако Филипче не си замине , следи раситнување на кланчиња, маргинални групи и политички привезоци на туѓи интереси.
Тоа е последната станица на секоја компромитирана партија во историјата.
АПСТИНЕНТИТЕ И ВТОРИОТ КРУГ

На 19 октомври многумина не излегоа.
Но на 2 ноември нема алиби. Државата не се брани со молк, и критоки, туку со глас. Пред да заокружите , прашајте се кој ви ја украде иднината, домот, јазикот и државата.
ПАТРИОТСКИ СОЈУЗ И ПОСЛЕДНАТА МОЖНОСТ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ
Македонскиот блок мора да биде единствен:
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВЛЕН, независни градоначалници, и секој искрен патриот, против оние што ја разнебитија државата.
Ова не е време за суета. Ова е време за држава.
Финале: КРАЈОТ НА ЕДНА ЕПОХА
СДСМ не умира.
СДСМ е погребана.
Останува само прашање:
Ќе има ли воскресение преку нови, чесни луѓе , или ќе следи целосно раситнување?
Како и да е, Македонија оди напред. Народот се разбуди. Достоинството се враќа,а правдата доаѓа.















