Директна линија Скопје-Мадрид: „Виз ер“ денеска го реализира првиот лет до Шпанија

Македонија

Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“.

Првиот лет ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Летовите од Скопје до Мадрид ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота.

Од скопскиот аеродром од денеска повторно се лета до Ларнака и ќе има летови секој вторник и сабота.

Скопје вчера се поврза авионски со Стокхолм и Бари, а Охрид со Базел.

Летовите ги реализира „Виз Ер“ со субвенции од Владата.

Please follow and like us: