Пронајден пневматски пиштол во возило во Охрид – поднесена пријава против 27-годишен возач

Охрид Црна хроника

На 02.11.2025 во 15:30 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, при преглед во патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управуван од (27) од Охрид, полициските службеници пронајдоа пневматски пиштол „Винчестер“, кој го носел спротивно на одредбите од Законот за оружје. Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: