Во возбудлива вечер полна со енергија и натпреварувачки дух, завршија првите два четвртфинални натпревари од турнирот во футсал Ohrid FREED 2025, кои понудија одличен футсал, динамични дуели и неизвесност до последен свиреж.
Гранит X : Инекс Олгица Хотел и СПА – 4:2
Гостилница кај Мече : Костал – 4:2
Денес следуваат преостанатите два четвртфинални натпревари во кој се среќаваат:
Провелд : ЈП Охридски Комуналец – 20 часот
АСП ПАК : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 21 часот
За утре (среда) се закажани двата полуфинални натпревари, на кои екипите на Гранит X и гостилница Кај Мече ги чекаат своите противници. Утрешните полуфинални натпревари кои ќе се играат со почеток од 20 и 21 часот ќе го одредат патот до големото финале и борбата за титулата на најдобриот тим на турнирот.
Како денес така и утре очекуваме уште поголема возбуда, фер-плеј игра и фантастична атмосфера која е заштитен знак на турнирот Ohrid FREED..

